го (зам.) - удостои (гл.)

Како и секогаш, тој и сега му ги понуди на везирот своите услуги и го моли да го удостои да го прими хронограмот што му го испраќа и што го составил со голем труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зад биро, селено од министерство до подружница при што изгубило нозе но се здобило со протези, и зад прирачна картотека на излупениот фурнир - седеше жена што можеше да му биде постара сестра па можеби и затоа не го удостои ни со поглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На тој начин, кампот им дава на геј- мажите културно средство за справување со сопствениот и со колективниот разгром: општествена практика што не го обезвреднува страдањето кое исто така одбива да го удостои.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно му упатуваше благодарствени молитви на големиот пророк што го удостои и овој ред да биде негов слуга и да му принесе две ѓаурски жртви на неговиот олтар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Без да мора да посегнува по пиетет, кампот може да ја забележи трајната стварност на болката и да ја направи културно продуктивна, а со тоа да ја признае без да ѝ ја допушти моќта да ги урнисува оние што ги снаоѓа.224
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа беше посестримата на Челебијата, Неда, тукашно девојче — од Рожден — кое овој христијански — италијански бег си го прибра на конакот да му се „најде“ како Адембег во Крушевица Катето, со таа разлика, што ова робинче Челебијата го удостои и со едно машко детенце, кое Ѓузепе го крсти Христаќи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во последно време тој сѐ повеќе размислуваше над молбите и над списите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)