го (зам.) - урниса (гл.)

Зашто сите вакви и слични договарања се јавни, никој од потковичаните не може да го избегне, но зашто и никој не успева да го осознае докрај, не може ни да го урниса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Неговиот ум се згрчи од помислата на неодговорливите, лудачки аргументи со кои О'Брајан би го урнисал.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А пак кога почнаа градителските работи на водоводот на крајот од април, пишувањето сосема го урнисав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И посран од страв дека таа можеби ќе ѝ се довери на пријателката, која, пак, по принципот „ќе ти кажам само тебе, ама немој никому да кажеш“, ќе му го урниса имиџот во курварските кругови.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И особено кога внимаваш да не го повредиш другиот, кога нема да му го урнисаш животот со својата огромна, неизмерна себичност, а божем во името на Алтруизмот, Правдата, Уметноста, Искуството...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)