го (зам.) - успокои (гл.)

— — Без гајле, мудур ефенди, без гајле, — го успокои Сефедин стариот Стамболија на кого почнаа вилиците и брадата да му се терсат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури стои неговата глава, немај гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Книгата го маѓепса или, поточно речено, го успокои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа се стисна до него, ги обвитка рацете и нозете околу него како да сака да го успокои со топлината на своето тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Петре видел колку е часот и го успокоил заптијата зашто тој Тефик беше човек што со сила бараше кавга со рисјаните.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Желката Сара го успокои: - Не грижи се, јас ќе ти помогнам да си ја најдеш својата мајка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Ништо Анка не можеше да го успокои: лелекаше на глас чувствувајќи силна болка и вина во душата - дека тој давајќи му ја ракијата за да го успокои - го отепа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во дворот полн со цвеќиња тој фрли само брз поглед, иако тие можеа одново да му кажат многу, но околу шадрванот во дворот, еден од најубавите што ги беше видел досега, се бркаа мали Турчиња во провиснати бечви кои постојано си го тргаа учкурот нагоре додека трчаа, та оваа слика ги надвладеа другите и мошне го успокои со ведри ветувања.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Ајде, оди, гледај си ја работата, за друго не грижи се, - го успокои дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- За еден час, само коските од јагнето ќе останат. Сѐ друго ќе биде исчистено! - го успокои Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Нема ништо лошо во тоа - му рече татко му и го прегрна за да го успокои.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко му вети дека ќе провери како е жена му и тоа значително го успокои.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во секој случај, тоа го успокои.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Почекај, има уште нешто: инјекција тетанус, сестра Миро“, рече докторката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Инјекција!“ срипа Влатко исплашен. „Јас не се плашам од инјекција!“ го успокоив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таа како да сакаше да го успокои смирено го прифати неговиот поглед: „Интересно раскажуваш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо му го жулкаше по главата, го оттргнуваше од креветот, гледаше да го успокои, да го смири, но Милчо од срце од душа липаше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Во немирните сонови само него го сонуваше, само неговиот лавеж и квичеж го слушаше и се будеше возбуден: излегуваше во дворот да го побара во куќичката, да види дали е тука, да го погали, да го успокои.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)