го (зам.) - шири (гл.)

Пукнаа за нив два гласа: едниот, што подоцна се потврди за точен, го ширеа христјаните, но никој жив не можеше да каже како допрел до нив, дека се тоа мирни роботливи селани, кои, пред опасноста да бидат потурчени, дури од Мелничко стигнале ваму, а другиот што не можеше да се провери, а го ширеа Турците, дека е тоа ајдутско племе, кое, на пат за ваму, попленило и запалило неброени чифлизи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бев учител во Солун, меѓу нашите луѓе го ширев нашето славјанско писмо, но сега бегам оттаму, Фанариотите ме наклеветија дека сум ги бунтувал луѓето против султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А на камбанарјата ќе клајме ен звучник кој ќе го презева гласо од радјото и од таму од високо, ќе го шири над целото село, гласо на нашио мил водач и борбени песни ќе се слушаат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Затоа, чендо, што Грците не сакаа кај нас да се шири нашето словенско писмо, ами да го шират своето, грцкото. Ете, затоа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеме само да го шириме нашето знаење спрема надвор, од еден поединец до друг, генерација по генерација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше поради атмосферата на полињата за хокеј, на ладните туширања и на заедничките походи и, воопшто, на чистоумието што таа го ширеше околу себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Има луѓе кои го пренесуваат лесно душманлакот на други, на трети и го шират како зараза меѓу луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали се работи за некаква небеска махинација која ги поттикнува луѓето на душманлак?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не смеам на тој човек да му дозволам да го шири тој глас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Секако дека намерата на Маргина не е во светот да го шири поволното мислење за македонската култура - Маргина не лаже, а богами ниту краде ниту убива, а особено не во корист на татковината.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе дојде само времето на нивниот татнеж виножитото на коренот што го шири.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Зеленееше и цветаше со големи црвени цветови, цветаше и зеленееше, и го ширеше оној особен, силен сарделски мирис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговите ученици почнале да формираат цркви и да го шират христијанството.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
12. Ќе одиме во потера, а командирот ни држи краток политички час: Ќе го ширите братството и единството со сите луѓе, без разлика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајката Перса цврсто чекори како да има војнички чевли на нозете од мислата во неа која ѝ го шири срцето од храброста на мајката Роса што можела сама да ги води овие пет моми по патот на животот послан само со трње, од нејзината непрекидна борба со сѐ и сешто само тие да не ја почувствуваат горчината од отсуството на таткото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На синот- наратор, кој ја наследи татковата библиотека, враќајќи се од своите дипломатски мисии, како амбасадор на двете држави кои во голем дел го обележаа животот на бегалското семејство - Југославија и Македонија, кои го ширеа кругот на семејниот егзил, продолжи да трага по преостанатите тајни во татковата библиотека, кои не можеше да ги провери во животот, посебно обземен од наследената таткова опсесија да трага по тајните на владеењето, за кои балканската историја нудеше безброј искуства.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш, почнува да ме мачи одеднаш, и покрај стравот, уморот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не можам да издржам веќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си го шири...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нивниот живот е посветен на злото што го шират околу себе како вирус, како епидемија.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Крајната цел на живеењето е тоа живеење да се продолжи преку неговите деца кои понатаму ќе го шират неговото семе во времињата што доаѓаат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Притеснети во вечно променливите и неизвесни балкански граници, книгите ни го ширеа просторот, нѐ пренесуваа во далечините.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ересот тоа го шири за да го скрнави Божјиот гроб...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа плаче - ќе излета: го шири и го собира мешето и претка со рачињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)