го (зам.) - ѕида (гл.)

Кога помина лошотијата, кога Бандо и жена му се посмирија, по неколку ноќи преспани кај пријатели, се вратија во куќата и започнаа да ја поправаат, Бандо ги извади камењата од езерото и одново почна да го ѕида ѕидот од куќата на истото место каде што и си бил.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Уште тогаш ми се причинуваше оти би можела да пресметам колку лулиња испушил ѕидарот додека го ѕидал бунарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ѕидот што беше го ѕидал Симон додека таму беше Лена, се познаваше од далечината, наместа повисок, а на други места понизок, недозавршен.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Мрдни се ти од умот!“ ѝ свика тој и продолжи да го ѕида ѕидот на старото место. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беа високо качени, го ѕидаа вториот кат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што би помислил Бил ако го најде тука како го уништува совршено изѕиданиот ѕид што би морале повторно да го ѕидаат?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)