го (зам.) - лице (имн.)

- Знам, било страшно - додава трогнато кривејќи го лицето - но во период на транзиција самиот феномен бара реартикулација...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој во мракот пробива пртина во дебелиот снег, со дланката штитејќи го лицето од лапавицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Раскинете ѝ го лицето, изгризете ја до коска. Не мене! На Џулија! Не мене!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„6079 Смит В! Откри го лицето. Нема покривање лице во ќелијата!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дора беше запозната со својата улога уште пред да тргнат и се прпелкаше во рацете на Авни кој полека ја симнуваше надолу, на подот, земајќи ѝ го лицето меѓу дланките, за да ја погледне во очите, за да знае дека таа е навистина таа, која, речиси, никогаш дотогаш не ја видел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ете така, ако ти е гол газот, покриј си го лицето, па нема да се срамиш, оти така нема никого да мораш да гледаш в очи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вечерта се врати невртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
СПАСА: Со здравје... (Се засрамува и се позавртува криејќи го лицето).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Се освестив во неговите сигурни раце, здогледувајќи го лицето на мајка ми над мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најубавото и најмило лице на светот, сето облеано во солзи, и истовремено целото осветлено од месечината и од нејзината драга насмевка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе крикнеше жената и, фаќајќи си го лицето со двете раце, ќе го скриеше меѓу колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А Делин, гледајќи ѝ го лицето и телото издраскани, го земаше коњот и пушката и вртеше по сета планина да ги бара качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мојот татко се завали во фотелјата, загрнувајќи го лицето меѓу дланките.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Итро отскокнав чувајќи го лицето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа спиеше многу, цврсто, почнувајќи од вечерта, покривајќи го лицето со едно книжуле од Гете.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа беше мошне дебела, лакома жена од некои четириесет години, која сакаше да спие на воздух, во градината, под мирисниот клен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Таа е нема“, пак повтори жената, со дланки покажувајќи ѝ го лицето на девојката за да не гледа како сѐ уште ги распарчуваат мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Чекајте, браќа“, викаше тресејќи се во огништето Никола Влашки: „Дајте и јас малку да им ги копам со нокти срцата.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Старата, свртена со грб, беше наведната над шпоретот готвејќи нешто за вечера, а можеби и скривајќи си го лицето во својот срам од својот „братучед”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се закашла кметот вцрвувајќи го лицето од лутина: - Скот!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)