го (зам.) - нос (имн.)

Остави го страмот, веќе 'ќе си го носа, токо ми е стра ќе се огреша нешчо та може да го налутиме свети Ѓорѓија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на Илка Стојан Сукала му беше гатко, не само на Стоја твој: Па вели: „и греот јас ќе го носа.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Столе, избриши си го носот. Оние два зелени полжави до устата ти доползија".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Целата уште оросена со капки вода, во бикини, задишана, забришувајќи си го носот со палецот и со показалецот од десната рака, со косата од влага собрана во туфки, расфрлана преку нејзините рамена, Германија му рече: „Еве сум! Се извинувам...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)