го (зам.) - свет (имн.)

1.2 Ги страдам книгите Со деветте дена на Деметра, Обиколувајќи го светот Сам Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Јасно дека ова гледање е прилично наивно и значи одредена гетоизација на мејл- уметниците, сведувајќи ги на ниво на фанови на филмски ѕвезди или собирачи на сликички, доколку се инсистира на („демократската“) арбитрарност внатре мрежата, притоа исклучувајќи го светот надвор, на големите галерии, кустоси, уметничките списанија итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Оди ќерко, оди! Види го светот, само тоа ќе ти остане. А не како јас цел живот...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но кога како малечок ќе се заразиш со пакосниот цинизам на цртачот Мањус и сценаристот Бункер, остатокот од животот го поминуваш гледајќи го светот низ шареноликата призма на црно-белиот аланфордовски свет.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Си ја бараше и онаа црна точка во која се таложеа составките на боите, кои водени од необјаснива сила и по таен пат, се разлеваа по платното, пресоздавајќи го светот во нов свет и животот во нов живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Па ако гласовите поважни се од зборовите, а ако Господ, создавајќи го светот од зборови, всушност го создал светот од помалку важни нешта, зарем тој не согрешил уште на почетокот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од катедралите и манастирите теоретичарите се преселија во работилници (универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и започнаа да се занимаваат со модели преку кои постојано изработуваа сѐ подобри чевли, со тоа сѐ повеќе разбирајќи го и обработувајќи го светот како целина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Песната е рожба на страствен хетеросексуален, грешен зачеток.  Постојано пре-создавајќи го светот, јазикот е распнат помеѓу Бога и Човекот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со еден не мал изнуден напор од тајната фаќајќи го светот за двата краја: за коренот и врвот едновремено тапо во стапица од сите страни да не му побегне: оти главна одлика на светот е да се движи! и кобењето ич не е лесно и некој не може да му повлијае!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Таму се вели: “Еве го извртениот свет, еве го светот каде што секој глуми”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“политичка (не)коректност” (привикувајќи го светот на “здравите, симетричните, предвидливите”...), но од друга страна тој може да се “прочита” и како повик за разгледување на елементарните занаетчиски проблеми, при градењето куќа, на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Променете го светот ; останете дома. Ова е мотото на социјалнте ергономисти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Еден париски балет од тоа време се нарекувал „Le Monde renverse“ (1625).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)