го (зам.) - ум (имн.)

— Ајде ти, плаку еден, бери си го умот во главата и полека, да не не чуе Илко, да ни и скрши коските на сред софра!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Џејмс Грифит и Мелиса Елиот-Грифит: 64-71) Јазични решенија за проблемите ум- Матијас Гутнехт: „Постмодерниот тело (пр.: Жаклина Гештаковска, стр. ум...“ (пр.: Ж. Гештаковска/Г. Стојанов, 47-55) стр.72-82)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сергеј Медведев: Чуден расказ (64-65) 47-56) (превод: Павел Попов) Авон Хуксор: Пишувајќи го умот (пр.: Г Стојанов,стр. 57-63) Маргина бр.6-7 Даглас Хофстатер: Размислување (пр.: Психотерапија (втор дел) Жаклина Гештаковска/Г. Стојанов, стр.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А. Арбиб: Човечка и вештачка интелегенција (пр.: Георги Стојанов, Маргина бр.8-9 стр. 75-81) Преведување П. Ј. Хајс, К. М. Форд, Џ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
После тргна два-трипати од цигарата, воздивна и додаде: - Ех, синко мој, бери си го умот!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кршејќи го умот, не знаејќи што да заправи: да се врати или да остане, му навираа зборвите на дедо му Аврам: ”Човекот, слично на пајак, постојано си плете мрежа за во неа сам да си се заплетка”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На мајка му Депа ќе ѝ се сожалеше од тоа негово викање и тропање и ќе го пуштеше да шета, издивнувајќи: „Господе, врати му го умот...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Збери си го умот и размисли: зошто татко ми си ги остави коските на печалба?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Имаше маж само три месеци!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Да му кажеш дека го вика мајка му на Зафира да дојде масло да свети...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Соберете си го умот... Ова што се прави - се прави во пијанство...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Бери си го умот зашто, ако те пратам уште еднаш таму, тогаш ни Христос бог, еба ти го, нема да те извлечи оттаму. Каталавес? (Разбра?) А сега - марш!...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ослободете го умот, отворете ги очите и ушите, бидете рационални, наслушнувајте...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Стражарот го посоветувал да вози кон Велес ако веќе има намера да го престигне Штабот; и тој, види му го умот, место да го сврти автомобилот и да се врати дома, тргнува во потрага по Штабот на 23 Пешачки полк.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„А кој те поведе на тој пат, руски човече“, го прашувам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Слушај, - вели, - прибери го умот, вразуми се.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Големиот Бинг-Бенг.  ... ноќе се урива  Ја точиш, ја преточуваш секоја ноќ саноќ - душата тури - истури ко расолница, да не фати скрама извади - стави чиниш дење ѕидаш, ноќе се урива погрешно, некој ти урива насетуваш, не казнуваш разоружана се повикуваш на паганските обичаи па христијанските според темните диктати на свеста даваш жртва најмилото е најпожелно волјата е Господова зошто и твоја мора ли и твоја  употреби го умот кажи си надмудри го рушителот тоа е единственото решение во тебе, во умот и уметноста на мислењето ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гледај ни го умот и крој ни гаќи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)