го (зам.) - факт (имн.)

Меѓутоа, големите сили, ползувајќи го фактот што Врховниот комитет сите свои акции против Турција (Македонија) ги организирал на бугарска територија, често ја прогласувале одговорна бугарската влада и за дела извршени од Македонската револуционерна организација, која со бугарската влада немала никаква врска.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Користејќи го фактот што во тој момент на островот Вис се наоѓале генерал Вилсон и Тито, Маклин и на двајцата им го изнел својот план.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Уочувајќи го фактот дека поголемиот дел од населението за кратко време се отрезни од „ослободителна мисија“ на бугарските војски и станува сѐ понезадоволно определувајќи се на страната на НОД, бугарскиот окупатор превзеде разновидни мерки, прво „мирољубиви“, а подоцна брутални со цел да го оневозможи и во корен да го ликвидира НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)