го (зам.) - зад (предл.)

Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер ме чекаше во својот дом за да може да заспие.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
– „Е лели и ова не ми го веруваш, бре татко, ами кога беше ти на орање во големата нива, лели ти ги тераше Велко воловите и јас си зобав црви во браздите изорани; ами лели Велко ти рече два три пата: дедо, дедо, нашиот штрк ете го зад тебе, и ти на треќиот пат ме удри со остенот и ми ја окрши писката од ногата, та едно чудо време боледував, одвај дури оздравев.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ова рахитично патче оставајќи го зад себе работ на шумата наеднаш излегува на зачудениот рид како патецот низ густите кадри што наеднаш втасува на голото теме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ако некој се наведнува преку прозорецот од другата страна на проѕирниот свод меѓу вообличеното и невообликуваното значи: Нептун се наведнал Посејдон посегнал, стрепел страотно китот убиец во височините се нурнал свикнат на дно, на бездна свикнат на најкусиот пат до центарот, внатрешниот круг на Психе до замислената точка, мигновената морфема: едната глава на едната, другата на другата страна, оностраната медузо, пијавицо осмоока стовариште за back-up фреквенција за реставрација, свргни ја од власт формата, поведи двобој восторжи ја публиката, гледалиштето дејството изделај го зад кулиси, класично спушти го пердето, занишај ја сцената оддалеку навева Вишниот виши, виши вишнее а под него тлее водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)