го (зам.) - пре (преф.)

За Мајка беше најзачајно што можеше да го прехрани, да го спаси новото чедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мојот чичко со силен спортски дух и култура, го пре­несе скаутизмот од Англија во Албанија и во 1937 година ја претставуваше својата земја на меѓународниот собир на ова движење во Лондон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако било што помогне да го пре­броди она што претстои, тоа ќе биде нејзината работа, а, иако таа секако би сликала и да не постоеше галерист кој ќе ги продава нејзините дела, професионалноста беше исто онолку важна колку и приходот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Макар што и јас како писател би требало да се искажам, конечно го пре­мол­чувам својот удел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но го пре­сретна заканувачкиот поглед на Х.Х. кој бдееше над фактите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)