еден (зам.) - таков (зам.)

На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се изработи една таква програма, македонските ученици во Белград во 1893/4 учебна година, во времето на инспекторството над нив на директорот на III гимназија Ѓуро Милијашевиќ, решија да состават македонско друштво во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом една таква илузија поминува пред владите на големите сили за факт, тогаш е јасно оти при решавањето на македонското прашање треба да се имаат пред очи и барањата на српската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако еден таков виртуелен систем може да се интерпретира како да поседува ум, дали еден таков „виртуелен ум” е реален?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Гледам, стои една таква дама. Наврела чорапи, заб ѝ болскоти в уста.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Функционираат ли? – Да, – одговара – функционираат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ме штрека една таква намисла и тогаш залајува Чако. Лае, дали лае. Како на дивина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Холанд не бил изненаден што една таква едноставна симулација успеала да создаде поделба по видови и трка во наоружувањето.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Како “oneste signore” тие владееле со општеството, а на уметниците им служеле како модели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Рафаел бил вљубен во една таква куртизана, Форнарина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)