еден (зам.) - бука (имн.)

Тој виде на педесет шеесет метра под патот обесен човек на една бука, но не за врат, како што слушал оти луѓето ги бесат за врат, ами за нозе, надолу со главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бојан се замисли. Се наведна, зеде еден камен и замавна со него по една бука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
5. Сум се потпрела на една бука и гледам еден запокажан кукурек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И во овој толку краток збор таа не може да најде излез од кругот на секојдневните јадови и чемери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И, колку повеќе слуша плачење и редење, толку повеќе чувствува дека треба да рече збор, да допре нечија рака со единствена мисла дека ќе ја олесни и својата и туѓата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
25 ОСМИОТ ДЕН од денот кога дозна за смртта на Ристо, Крстовица го прегази џадето и, откако го помина бурјаништето, стаса до беловицата што беше ја забележана порано кога со жените одеше да собира суварки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Ристо на Дамовци од Крчишта загина. Погребан е под една бука на Аљавица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Еда, има една бука, во Пет Браќа, вели, ама е тешка за качување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)