еден (зам.) - вечер (имн.)

Една вечер ме пречекаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја размислил работата и една вечер, редницата ја тргнала софрата по вечерата, а тој го извадил ќесето со тутун, го наполнил лулето и му го подал и на синот: „Нà, запали“ – му рекол.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Превод: Борис Благоески
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше една вечер кога се враќаше од планината и уморен седна крај каменливата ограда на мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една вечер ја гледам Роса, се доближила до огништето и се тресе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На празниот лист во машината за пишување, една вечер, напишав: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)