еден (зам.) - господ (имн.)

Само еден господ го знае местото што не може да го најде смртта, ама како да го прашам господа, кај да го најдам да го прашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во една куќа таткото е од една народност, едниот син од друга, другиот од трета народност и еден Господ знае до кога ќе продолжи да биде така!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама, само еден господ од ништо не се уплашил, ниту нешто го доболело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден господ знае како стана тоа така, а сите бевме заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)