еден (зам.) - господин (имн.)

Понекогаш во трпезаријата на болницата едно до друго јадеа една госпоѓа која си го имаше отруено сопругот, и еден господин по кого жена му замавнала со секира, но не успеала да го погоди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една девојка додека чекореше во паркот кинеше страци трева, и потоа ги расфрлаше околу себе; една старица пред заспивањето замислуваше како ја корне тревата пред својот дом, и ја расфрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се качив во возилото на инженерот и, набргу, стигнавме до еден голем хангар, изграден на една чистинка, на периферијата на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една вечер, кога се враќав дома, ме пресретна еден господин со цилиндар на глава, на возраст од околу четириесетина години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)