еден (зам.) - кошула (имн.)

Имав кладено на мене едни сини работнички пантолони и една кошула со куси ракави што ја имав само таа прана.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)