еден (зам.) - час (имн.)

А Бошка го викнаа дури по цел еден час.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
До селото пешачевме колку еден час и нешто згора.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Дојдете по еден час. Веднаш ќе ги поправам - вели газдата топло, земајќи ги моите чевли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)