еден (зам.) - чун (имн.)

Откако одврза еден чун, тие седнаа во него и потпирајќи се со долги притки по мочурот, обраснат со подводни треви, запловија низ трските.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Од друга страна, си велам, дали сум сигурен, дека пак не би направил исто да се најдам така зајден во еден чун?...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)