еден (зам.) - ваков (прид.)

Се разбира, при еден ваков зафат неминовни се многу ризици, жртви.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Глад, олицетворена во еден ваков мршар. А зината и вистинска, како најматната понорница. Беа обајцата - глад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако немаш ништо против, јас би го врзал во шталата“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш не помислив дека ќе минеш низ неволјите за да дојаваш дури до еден ваков стар, запустен ранч. Но, бескрајно си добредојден.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Излегува. Излегува во едно свежо сончево утро, како нарачано за еден ваков ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подруго би било и кога би видел еден ваков малечок подалеку, затрчан меѓу дрвјата, немирен, див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)