еден (зам.) - друг (прид.)

Еднаш јас љубев еден ТИ... Љубев и еден друг во аголот од твојата соба...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Одам таму каде сѐ започнува каде сѐ се раѓа, каде ќе се сопнам од вистината и разбудам во еден друг свет, каде ќе можам да бирам како ќе живеам....
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Но на тоа му предоди една друга, подолга и одамнешна историја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако за Видана Јанчески може да се рече дека беше рожба на една таква, несреќна љубовна историја, Ристана Голушкоска, пак, беше жртва на безумноста и свирепоста на завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во таа смисла, може да се направи споредба со една друга малцинска професија, земјоделството.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И еден друг човек се разбуди во мене, вели, некој кого не сум го знаела дотогаш, а постојано живеел во мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оној кој збори туѓи јазици на соне зазира ли од заветот во којшто „никој не се срами што страда и вика од бол“15 зазира ли од името свое култот свој, па се таи, таи, притајува во еден друг бог - матичен?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во еден друг град маркизот ги спушта завесите и се соблекува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)