еден (зам.) - мал (прид.)

Се разбира оти во една мала книга, како што е оваа мојава, не може подробно да се разгледаат сите засегнати прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пајак сум со крст на грбот, и сум создал цела една мала вселена; краевите по кои ги составував и лепев деловите навистина прилегаа на мрежа, на зраци сончеви што се распостилаат наоколу од средето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Една мала, топчеста бригадирка, преврзана со бела шамија, кога усети дека ја блисна студена вода и и’ се разлеа по градите, цикна преплашено и го испушти чанчето на земја; Мече се засркна од смеа, а после нацрпи во црпалото пак вода и уште неколку пати ја плисна бригадирката, која што беспомошно се обидуваше да се одбрани со раце: – На, сакаш уште!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во тој момент одзади наближи една мала селска кола, која што подзапра кај раскрсницата, за да заврти по другиот пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Првин се појави едно мало глувче и ја претрча собата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
ГАЛЕНИЧЕ ПОЗНАВАМ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ, една мала Тања, една убава Тања, а со таа Тања децата не сакаат да си играат!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој во еден мал подавалник носи за јадење.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа беше едно мало шише во кое имаше некаков лек што го пиела мајка ѝ кога била болна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сребрени ѕвона ѕвонат слобода што тоне Во една мала епоха сонатини.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)