еден (зам.) - цел (прид.)

Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Едно цело огниште ми скапа, ќе се туфкаш, ќе се поплакуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пијана од сопственото доброчинство, што и го вдахнал нејзиниот татко Добре, најдобриот човек на светот, доскорешната кукла, а сега највисоката, најкитната мома на сите времиња на светов, Нова Година, една цела недела не се сети на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Една цела бугарска рота заробивме само ние.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)