им (зам.) - врати (гл.)

— Ете, они твој луѓе, ваши луѓе, побарајте, на нив дал господ, ќе дадат назаем па ќе враќате на зимо, на лето. He му е севте на сиромасите да земат на заем пари од свсите чорбаџии, ама тие знаат како им враќаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај Универзална, девојките се најдоа на тротоарот пред да стигне да им одговори со „догледање“, а пониската му викна на таксистот, кој сакаше да им врати кусур: Не треба. Награди што нѐ препознавте!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие беа створени да ѝ служат, а таа да им враќа, со својот сочен поглед и шарм.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Демек, многу потрошиле на даноци и сега немало смисла и еве им враќа по некоја иљадарка.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тие ќе ми речат на грчки, а јас ќе им вратам на албански.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие пукаат оздола, а ти не смееш да им вратиш, да си го кажеш местото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие кљавкаат по тебе: селски Бугари, селски простаци, а ти не смееш да им вратиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тролинката леб од под јазикот, клетите, за мене си ја даваа и јас сега со ваков срам да им вратам. Избркана од свекрвата!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
МАКЕДОНИЈА,земја на стара култура, цивилизација и најстар етнос на Балканот, ги демне и со удар ќе им врати...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)