им (зам.) - додее (гл.)

Како и секогаш, Томе почна да оди зад нив, за да им додева.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Некои дрвари, боринари врват патема сигурно" — си рече сам со умот — „Ај белки носат тутун, да го нап'на лулето, ако непомчнат дури да излеза", — и уште повеќе забрза.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штом не е волкот или мечката, овчарот ги мами да не им додеваат на луѓето, оти може да му се случи и да удри некој некое од кучишата да им искрши нога, ја да им истера некое око, та да боледува живинчето и да не може да си ја врши определената работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)