им (зам.) - доликува (гл.)

Како лудак или мајмун, сакаме да ги повторуваме гестовите на толпата - да ја раздразнуваме, исфрламе од такт, во неа да будиме агресивност кон себе, што им доликува на вистински уметници.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Рекле дека ќе побараат од некој гратски владика друг поп, онаков каков што им доликува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Од непознати далечини“, спокојно и строго а така и им доликува на умните, вели вториот раскажувач: „Да го истопи мразот на земјичкава за еден нов живот, за овој нашиов.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сепак ги влечеле колилата оставајќи зад себе меки лепешки и издржувајќи ги животинските патила; луѓето ги хранеле со силата на својата тврдоглавост и со безнадежноста на иднината од која не можела да прожугне ни дива чекутина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се чекорело тетераво, никој не седел на двоколка, дури ни чкрботливиот Симон Наконтик - Господи севишен, повторувал, зошто не останав дома и не си го чекав на ониште судниот ден како што им доликува на причестените старци? - а Арсо Арнаутче, со секакви шамии врз окото преку кое минал турски јатаган, се потпирал со рака врз ѕидот на двоколката и само со една голема и засолзена црнка гледал во призрачноста на случките што останале на патот, најмногу во последниот настан во кој загинал од две стрелби пркосниот Борис Калпак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа не дочекуваме старост каква што им доликува на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со скокотливи мравки во грлата, движења на топлина што измамува и ги распливнува трагичните мисли за крајот на животот, најстарите се погледнувале со надеж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во такви часови, додека лазарски се исправувале со нејасни радувања, очите им се изострувале како и што им доликува на умните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кршиме камен, лежиме на камен, дишеме камен. Од мугри до мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кажувај, - ми нареди строго и со значаен призвук во гласот, како што им доликува на мажите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не им доликува, си мислев, спомнувајќи си на нивните возбудливи разговори што ги водеа во Планинарскиот дом на Бегова Чешма.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)