им (зам.) - достави (гл.)

Дека во тие три месеци не смее да се гледа, ниту да разговара со мене; и дека во тие три месеци треба да состави комплетно досие за сите досегашни контакти со мене и да им достави сѐ што до сега во писмена форма сум ѝ предал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како што истакнува Кларк, шеф на мисијата Perseverance, во тоа време Хенри Вилсон објавил преку радио од Каиро дека понатаму нема да им доставува оружје на грчките партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И четврто, со ЗПЗСО е утврдена обврската работниците да ја известат Управата за јавни приходи доколку работодавецот не им достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси во рок од 15 дена од денот на исплатата на плата, дел од плата, надоместок на плата и друг паричен надоместок, како и збирен годишен извештај до 15 февруари наредната година (чл. 22).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)