им (зам.) - завидува (гл.)

Ги гледам и им завидувам. На младоста, на заљубеноста, на бакнежите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така утешен, го следев летот на белите галеби како се претопува во синиот хоризонт од каде што Х.Х. го гледаше неизбежното идење на непријателите. Им завидував на галебите на хоризонтот, јас заробениот албатрос...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не им завидуваме на предавствата кои се нафрлаат, пред сѐ на јазикот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
У Не им завидуваме на предавствата Не им завидуваме на предавствата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Навистина, можев да им завидувам на сите други деца во класот и знаев дека веќе никогаш нема да ја имам нивната безгрижна смеа и веселост.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)