им (зам.) - згреши (гл.)

Како не се најде некој и нас да нѐ брани, господе, што им згрешивме толку на сите светски сили?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите кога му навалија, леле мори мајко, како којзнае колку да им згрешило во животот: корнат, тегнат, влечат, черечат на сите страни, кој за што побрзо се фати.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
При таа посета, татко ѝ, кој беше многу кроток и внимателен човек, толку многу внимаваше да не им згреши нешто на сватовите, што заборави да си ја земе патерицата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како со својата повеќегодишна отсутност, да им згрешил нешто.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)