им (зам.) - излегува (гл.)

Но, по враќањето, по волја на претпоставените, тој е малициозно распоредуван на најлошите работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сотир Паскали ги прифаќаше сите, им излегуваше во пресрет на сите, без оглед на националност, вера, идеологија, пол или возраст.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А властите во сѐ им излегуваат во пресрет; настојувајќи преку нив да го вратат животот во Потковицата, покрај што им ја вратија нивната поранешна земја, која ја имаше присвоено Земјоделскиот комбинат од Прилеп, им придадоа и друга.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Небаре улиште да им излегува од устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
па еден ни ја обелува: вие сте шпиони, вели, аман, бре господине, какви шпиони, ние сме сиромашни луѓе, не знаеме да бидеме шпиони, сите ќе одите на стрелање, велат, ако не признаете, велат, сите до еден ќе ве стреламе, велат и грмотрн им излегува од очите, ете сега, море бургија, не знаеме што да признаеме, тропаат тие, пампара - пумпара, шикли во чибук, а ги гледаш и тие - сиромаштија, ама не си ја гледаат својата, туѓата ги плаши, ние сме биле шпиони и од нас ќе им пропадне државата, копуци...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мислиш по повеќе гласови им излегуваат од устите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)