им (зам.) - каже (гл.)

Не чекаат да им кажеш ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
" Судејќи по замисленоста со која го гледаа луѓето, Брчалото со право сè уште не беше сигурен дека тие го разбрале што им кажува, па и тој се подзамисли и по кратко мислење одеднаш извикна: "Ми текна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Им кажав и на скопјаните, - рече Кирил. - Само, дали за нив ќе биде добар ручекот!?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Им ги покажав дамките на секирата и им кажав зошто дождот се цеди од мојот таван а не низ долгото грло на олукот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со страв дека ќе добијам и ќотек за оваа непромислена постапка, им кажав на родителите.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Многу лесно – попушти – ќе ги соберам другарите и ќе им појдеме на оние копилиња во паркот, лом ќе ги направиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знам што треба за нив, ама не можам да им кажам. Не ми текнува најлошото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прво решив да одам кај Мони. Заѕвонев на вратата, но никој не ми отвораше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако дојдат в куќи да постават митралез, ти ќе знаеш што да им кажеш!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Она што се изразува во семејните судири речиси неминовно го надминува она што навистина се чувствува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Помислил дека нема потреба на домашните да им каже за малиот хируршки зафат, сѐ требало да се заврши во едно попладне, и вечерта пак да биде во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така, тој на сите им кажа дека е подготвен да ја сподели одговорноста за војната што не ја предизвика и за мирот што е подготвен да им го донесе. Само ако влезе во власта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таму долго не испрашуваа, а ние се им кажавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секогаш кога ги метев скалите на Куртиш ага верував дека нешто ќе пронајдам, некоја ситница, нешто необично.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги викна еден ден и им кажа како тој знае дека тие сепак Мартина го задеваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како ќе ги гледам другачките твои без тебе, што ќе им кажам, што ќе им изговорам?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја викнав стрина ми да се поздравиме, и таа ми рече: Синко, на домашните ќе им кажам откако ќе заминеш, но јас ѝ реков дека не смеат домашните да дознаат, зашто ако не се вратам сите ќе ѝ се налутат затоа што не ме спречила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ох, си реков, од сите можни прашања нејзе баш ова, најглупавото и најнезгодното ѝ падна на памет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немој да се лутиш, но им реков дека на едно далечно место живее една девојка што се вика Бреза и дека освен неа мене никоја друга за сега не ме интересира.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На крајот, кога се запозна со ансамблот (со старите и младите, уморените и орните за работа) им кажа дека театарот има прекрасно бифе, а потоа го додаде и тоа дека Оскар Вајлд е негова стара болка и дека е многу среќен што ќе го инсценира неговото дело „Важно е да се викаш Ернест“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дали им дадов на децата сѐ што требаше да им се даде, дали им кажав сѐ што требаше да им кажам, да не им реков некој збор помалку, или некој збор отповеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ќе разберат и без да им кажам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе им кажеме кои сме и што сме и ќе се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Па нема да ги прашаме? – реков. – Ќе заминеме без да им кажеме и ќе се вратиме пред да се стемни. Никој нема да знае.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кажи им. Се договоривме. - Ќе им кажам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А пилињата, да не знаеш што да им кажеш. Ќе ти дојдат на пенџере: врапчиња, сојки, сколовранци и ќе ти удираат со клунчињата на џамот. Ќе ти наѕираат во собата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дали имате време на луѓето околу вас да им кажете колку ви се потребни и колку ги сакате?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ми дојде да станам, да им кажам дека ги слушнав, силно да се распискам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сега веднаш ќе поминам кај твоите да им кажам - со нескриена радост во гласот, рече Елена.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Врзаните пак бунтовници, откако влегоа во градот, ги кренаа главите високо и на секој сострадателен поглед од луѓето што беа појавени по прозорците одговараа со горда насмевка. Co тоа сакаа да им кажат на христијаните: Не жалајте не нас, ами жалајте се сами себеси што скапувате под топуците на агите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„А балистите?“ „Какви балисти! Нашите одат таму по бачилата, кркаат млеко, зелници, маст, сирење и урда, а тие им кажуваат на балистите да се тргнат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Им кажал дека насила бил мобилизиран од Бугарите, им кажал дека ниеден куршум од фронтот не испукал во човек, туку само во воздух, им кажал, дека негова љубов е добитокот, а не убивање луѓе - и тие го пуштиле.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Е, дури сега настрадав – воздивна Мила. – Што ќе им кажам на моите?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Морам да им кажам дека сум многу старомоден, практично пуританец, и дека единствено пушам како оџак - сега кога на секоја кутија цигари се наоѓа предупредување, на секоја цигара има по два филтера - и дека пијам кафе наутро, напладне и ноќе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Овој е оној што ги учи луѓето да бидат против нашиот народ, овој им кажува да не ги почитуваат законите на нашата вера и овој зборува против храмов во кој се пикнал!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И ќе им кажете и тоа оти ако до зајдисонце не донесат, ќе им го отерам преку планина сиот добиток, а тебе – му се сврте тој на Пецета, - ќе те заколам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Почна на сите да им кажува дека сум му девојка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Треба да им кажам на другите деца! - очите веќе почнаа да ми се полнат со солзи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ние луѓето, сакаме другите да го сакаат она што самите го сакаме, и да го мразат она што самите го мразиме; сакаме складност со другите, но нарцисистичка складност, во која што ние ќе бидеме извор, а другите само нејзин гмечлив предмет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Текстот го пишувам за да им кажам на чинителите на претставата „Да живее, живее трудот“, премиерно изведена неодамна во Атеље 212, Милан Марковиќ и Ангелка Николиќ, дека треба во целост да бидат задоволни од изјавата на управата на театарот: „Оваа претстава не треба да ја критикува власта и политичарите, туку треба да се занимава со малите луѓе“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И трчаа низ село брзајќи секој да ги најде своите, па да им каже што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во исто време дојдоа куририте и го викнаа командирот Леко. Тој отиде со некој страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Уште потешко им е на слушателите кои не наоѓаат никого кој би имал што да им каже. (Бертолд Брехт)
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сега и тој ме прекорува што не им кажав за велосипедот, а тоа беше негова идеја.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ако мислиш дека ќе ти простат (најверојатно отстапувал, гласот му се губел), кажи им за ова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им кажав за твоите зимошни маки во планината. Но ти подобро ќе им раскажуваш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да им каже дека сфатила со какви луѓе дошла да го живее својот живот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, има и подиректни начини на убедување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот уште шепотеше дека неговите мустаќести синчиња со надеж чекаат некој да им каже - бог да го прости Симон Наконтик, остави деца, внуци и спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- што почнуваше да го мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното) дента мобилниот на Круме Волнаровски беше недостапен и немав никаков пристап до информација и тоа почнуваше да ме мачи со сомнеж кој вртеше како сврдел во најчувствителното (ми беше качена на начин кој овозможуваше да ѝ влезе сè што можеше да ѝ влезе; мислев дека устинките никогаш не ѝ биле толку отворени, се лизгаа лево и десно, ме допираа по ципите, ми ја влажнеа волната и ми ја подлапнуваа, ми ја шмукаа или така ми се чинеше, особено кога почна бавно да се крева со задникот нагоре и да се спушта на мене стегајќи ме меѓу бутовите, постепено забрзувајќи го ритамот, нанесувајќи ми тапа болка на јајцата) ние знаевме само толку дека Илона веќе беше далеку од нас, нејзината трага се покриваше и таа започнуваше нов живот за што Ема не сакаше многу да зборува, нејзиниот живот е нејзин, велеше, како и мојов што е мој, ѓаволу мој, ми рече Ема утрото кога во мојот кабинет ја спомнав Чехињата (ги крена рамениците како да сакаше да каже дека за ништо не е виновна но не кажа, тоа собирање на рамениците беше грч пред ослободување, тоа беше начин да се мобилизира, да се собере целата во себе пред конечното испразнување и така се случи како и секогаш: списка, свика нешто неразбирливо и продолжително, да, тоа беше крик кој доаѓаше од длабочината на нејзините гради, и откако во одгласот тој се стиши во едвај чујно ајјјоооххх … иииооојјј и откако со усните ме побара под себе и ми стави заби на рамото, омекна, се распекмези, се распосла над мене, лесно ме покри со телото облеано во пот и ме заведе во блага дремка) Но таа ноќ не беше за спиење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Дали сте свесни за важноста на сегашноста или упорно се обидувате да го реконструирате минатото?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа влијаело и Хелвиг да го измени односот кон неа. Па, сите се искарале. Но, ништо повеќе од тоа не им кажала.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И Миле беше таму. Тој се бесеше на мостот и трчаше по решетките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ако ги прашам, моите сигурно нема да ми дозволат - рече Мила. - А, моите мислиш, да? – додаде Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа можеби и можеме да се согласиме со антрополошките претстави на првите сонувачи за секуларизирани политички уредувања, чиишто наследници сме ние.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„А кој им кажа? — се праша Сулиман чауш. — Та кој друг ако не овчарот?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на татко ми му се заканувале, а тој им рекол: Прашајте ја првин Мила, ако сака, тогаш носете ја! – им кажал дека сум по вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За време на краткиот прeстој во Скопје заради консултации во МНР, на членови на Главниот одбор на Сојузот на борците, кои за време на граѓанската војна имаа високи функции во НОФ и АФЖ, им кажав за средбата со проф. д-р Владислав Барчиковски и за мојот предлог.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По мене Лима ја видов како излегува, им кажува извини и чао и набрзинка го фаќа спротивниот правец од мојот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Друго не знаеја, оти во последно време мрежата на селски поткажувачи се распадна – некој ги пробил базите на податоци во Министерството, им кажаа, и се слушаше дека почнале да ги ликвидираат, еден по еден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
АНТИЦА: (сама). Никако не можам да се решам да им кажам оти сум жена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ајде да излеземе,“ ми рече. Седнавме на една од клупите крај соседната барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неговиот најдобар пријател, оној што на крајот од таквите седенки, по дискусиите, толку добро ги пееше Азра, Бијело дугме, Идоли и Рибља чорба додека тој го придружуваше на гитара, им кажа дека ја презира земјата во која живеат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Значи ако не го измислев тоа и пратев човек да им каже оти Селман-ага ќе ја граби ништо не свршував работа, ќе си ја земеше тоа куче.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не им кажав ни за маѓепсните зборови негови, ни за предскажаната моќ на петелот „Чуварот на сонот“. Тоа потраја цело лето и цела есен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не знаат за парите. Татко ми не им кажал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа им кажа само на Лефтера и на Јани и од тогаш таа уште повеќе го одбегнува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луѓето те прашуваат кај да одат, а ти не знаеш што да им кажеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Скочија суѓето од месаа, му се стегнаа да им каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Требаше и за велосипедот да им кажам, згрешив, сега уште повеќе може да се искомплицираат работите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе им кажам... Но, што да им кажам?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Или да им каже кога зборува со нив по телефон?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И на жена си, која го молеше да им каже барем на најблиските роднини, тој напорки ѝ рече: - Ајде, мори... Нема чергари да водам во Охрид...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но картата, за која впрочем им кажав дека му ја имав покажано на Борко Угрин дури тој беше жив, немаше врска со просторот на којшто беа најдени коските.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исто така, тој никогаш за овој случај не се обрати до Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како да им кажам? Што да им раскажам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Им кажав. Ме гледаа жално. Другпат пак ме викна на ручек.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не беше штосот во рингишпилот туку во една финта што таа ја имаше смислено за да се забавува: како да се возиш колку сакаш, а само еднаш да купиш карта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со два збора им кажаа дека ги бара Ѓорче, кој иде во помош со педесетина четници и осум товари џебане.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ха, неверојатно! Кога ќе им кажам дека те сретнав ќе кажат дека се просерувам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обично кога си иде човек од пазар го запираат луѓето и го заговаруваат да им каже што ги интересира: како поминал на пазарот, како го продал имањето ако терал, скапија – евтинија...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не можеше да им каже: отпуштени сте...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Всушност, она што се чувствува, изгледа, може да се искаже единствено преку негово упорно хиперболично преглумување. ‌Мислиш дека однесувањето на ќерка ти или на љубовникот или на љубовницата кон тебе открива некакво непочитување на твојот сензибилитет?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- викна на цел глас Василопулос, покажувајќи со здравата рака кон вратата и веднаш потоа му се обрати на Кузе, - Ќе си ти перименис, ре кокалоглифи, е?31 Не и дозволија да каже зошто ја собираше пченицата, не и дозволија да им каже и за својата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ќе бидеш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу се покајав што не бев сосема искрена. Ептен многу!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ако го стори тоа, домаќиниве нам ќе ни се нафрлат со чекани, претпоставил Никифор Ганевски, - Му кажа ли на оној Доце Срменков, на другите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Павле собра воздух во своите гради: - Ќе им кажам дека се предавам. Заклучете ја вратата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Минува низ селата до кои сè уште не стасала војната, трчаат луѓето по него, го пречекуваат, го прашуваат за фронтот, за своите; плачат, голтаат сè што ќе им каже; му даваат јадење и го испраќаат (Оди ми, добруле, здрав и жив да стасаш, жени се, добруле, додека си млад, да ѝ го видиш аирот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Семејните драми компулсивно се одигруваат претерано, се преувеличуваат крајно несразмерно со сето она што видливо го засегаат, па оттука неминовно се и театрални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- А, ние на нашите? – процедив низ заби. – Ајде полека да се извлечеме одовде, патем нешто ќе смислиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја користиме паузата за јадење. Им кажав колку што знам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кога тој,на неговите студенти во Америка, им кажал дека лично се сретнал со Гордон Крег, со Тристан Цара, со Пикасо, со Албер Ками, ама и со многу други, исто така, значајни личности во уметноста, студентите, изненадени, го прашале дали го познава и Балзак.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Знаеш што еднаш им кажав?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас го примив, се расплакав кога сфатив дека и тие знаеле дека сум сираче, се заблагодарив и цело време си размислував – од каде можеле да дознаат, кој ли им кажал? Можеби Горица или некој друг.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Попчето може пак да доведе некои браќа на оној Сафет-бег, на брат му.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нема да им кажам ако не дојдат. Сепак отидовме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Динамичниот разговор заврши така што добив директива под итно да им кажам историско "не" на Сталин и Коминтерната.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само малку потоа можеле да видат дека има зелени, скоро девојчински очи, бледо чело и ретка, свилеста, некако еврејска брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отла забележа дека, иако се обидував да слушнам што им кажуваат жените на децата, зборовите минуваа покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Максим и јас за сѐ им кажавме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакаше нешто да им каже на сиџилите, да ги предупреди.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ти беше онаа што се справи со четворица на оној таван во вилата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Питропот еднаш сам им кажа на луѓето оти во црквата нашол две лајна испосрани од некого. Тие беа нашите лајна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Никако и Јосиф да излезе од одајата и да им каже на луѓето што станува со човекот, има ли надеж да прездрави?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Опасна музика бр.1 за Дик Хигинс: вовлечи се во ВАГИНАТА на живиот КИТ!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дедо Богдан повтори, потрети: – Леле, Ѓеле, леле мило внуче! Како Ѓеле сега да им кажам?!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не е фер, навистина не е фер!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И сѐ ми се чини дека сум рекла нешто што требало да биде премолчено, а не сум кажала нешто што требало да го чујат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Разбери, дека јас не можам да се решам за да им кажам оти се венчавме и за тоа треба бездруго да дојдеш и да ме земеш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А еве и овој ден ќе изврви, сонцето ја прејде Голема Вода и сега навалува накај ридиштата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Такви спрложени чудотворци живееле гологлави некогаш на сува папра и во дупки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сетив на чичковците и како ми рекоа да им кажам на другите деца дека мостот е свежо обоен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакам да им кажам на овие што ни ги извадија очите и ни ги пробушија ушите со кампањата за учење и за знаење дека мајката на секоја ука е казната.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога влезе во првата куќа, седна, се колебаше не знаејќи како да почне и одвај, со триста објаснувања, успеа да им каже.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ех, да има некои кои на нашите тетарџии ќе им кажат дека претставите им се само дотерани моми кои немаат каде да одат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И вели Некој сега треба да им каже за тоа на неговите, но за такво нешто, сам гледа, нема потреба: од кај живеалишните куќи на имотските луѓе, преку дворните места, трчаат сите имотски луѓе и пред сите нив, со шамијата в раце, Лазорица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе им кажам на болничарите да ја доведат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не знаев каде понатаму да го терам муабетов, па ветив дека ќе им кажам штом ги видам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Уште се лепи, - му реков, - Вчера чичковците ми рекоа да им кажам на другите деца да не се качуваат по мостот, да не се извалкаат и да не ја уништат бојата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И кога ќе ми се јават од стариот крај и ќе ме прашаат како е во Холивуд, не знам што да им кажам и притоа да не им ја расипам илузијата... бидејќи Холивуд, всушност, не ни постои!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Еднаш си помисли дека е најдобро да не им каже на мајка му и татко му за писмото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да им каже навредливи зборови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да им каже дека тој тука нема што да им проштава дека тоа треба да си го сторат самите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога заѕвони шината и луѓето почнаа да застануваат во редици пред казаните таа, држејќи во обете шепи сливи што ги собра вчера, со растреперен чекор, со образи облеани во солзи, оди од жена до жена, од маж до маж и моли: - Земете, добри луѓе, каснете, каснете за душата на Ристо, син ми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сакаше да влезе во кругот и да им каже дека ќе се поправи но силите го издадоа и тој пригушено заплака сам и незабележан во својот заклон.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во ништо од тоа што брезничани ископаа од децата не видоа нешто невообичаено, па продолжија да се надеваат дека Брчалото ќе се појави да им каже што друго треба да сторат, но Илета Брчалото, еве, цела недела, па и две го нема да се врати.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сакав да им кажам дека светот ќе биде обеспокоен од писмата на фантомите од подземниот град но на Кузмана му се заколнав дека ќе молчам и јас молчев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Елена сакаше што побрзо да им каже за убавите вести што ѝ ги кажа лекарот во телефонскиот разговор. Кога слушнаа, сите се развеселија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На крајот, сакам да им се извинам на театарџиите и да им кажам дека ова со Чак Норис е само голема чудесија што треба да открие мали тајни во нашиот театарски живот и ништо повеќе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А ти, попе, ако сакаш и натаму да имаш брада, тогаш на сите кумови да им кажеш дека ќе крстат само по оваа книга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А некои и смениле страна, им се придружиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иљо, навален на сидот од ровот, на двајца оздравеници кои дојдоа од Сук им кажува: - Во нашата чета нема постара девојка од дваесет години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие го колнат и со месец и со крст да им каже која е таа Наполинка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нивната порака за целната публика е “бидете трпеливи кон странците”, но на аналитичарите им кажуваат, пред сѐ, дека толеранција недостасува, а истрајното повторување на тие кампањи дека недостатокот е хроничен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Можам да им кажам на оние пештерски пајаци. Сакаш ли? Тие ќе те убијат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Скоро ќе се врати мајка им и таа ќе им каже кој е виновен што им изгаснал огнот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Томе се закануваше дека ќе се прекачи по оградата и дека, ако не го пуштат, ќе им каже на сите деца дека на Дора и на Ане им се допаѓа Огнен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го видел ли некого во пиперот, ќе дојде ќе им каже и ќе добие нешто од тета Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па преку публиката која ќе може да им каже на авторите и на актерите што мисли за нив и нивниот творечки агенс, да заличиме на Европа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А кога ќе го замолеа тие да им каже, дали ќе изгасне некогаш страста по срните во срцето на пашата, - евнухот сожаливо ги гледаше и им велеше: “Иако е човечкото срце затворено со густ, непроѕирлив превез, -ништо во него не останува вечно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го викаа селаните и во Езерец и во околните села да им каже какви им се вината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На домашните им кажал дека оди во вообичаена посета на Т., да купи јеменски темјан, цимет, алој и други мириси што во ова источно пристаниште пристигаа со богатите азиски каравани.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Старците им ја пренесуваа на своите внуци, сакајќи да им кажат какви луѓе биле тие.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога тие се вратија и си ги побараа тие работи, некои од останатите им кажаа дека Толе им ги зеде, и овие го нападнаа Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште три удари, уште два удара, и дури тогаш ќе им кажам што сакаат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со прстите ги притисна издадените очни јаболка и слепоочниците кои му ја затегнаа тенката кожа на лицето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Им кажав на чуварите дека брат ми мора да се преоблече, и тие нѐ пуштија внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Откако директорите во матичната „Топлификација“ АД – Скопје дознаа дека одредена група поранешни работници ги тужи, реагираат мошне нервозно и им кажуваат оти не очекувале дека 231 ќе се решат на ваков, според нив, „нефер потег“ – зашто тие, како сериозна фирма, наводно не ги имале заборавено и уште еднаш ги повторуваат веќе слушнатите лаги за враќање на отпуштените работници на работа во некоја неодредена иднина, после евенту- алното надминување на кризата и продолжување на нормалната работа на битолското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Е, ај кажи како се прави шопска салата!“ И им кажав. Ако е за гости, ги прашуваш дали јадат кромид, дали јадат луто... и го сечеш патлиџанот на коцки, ставаш краставица, пиперка, кромид на кругови и сирењето на ситно го рендаш... И тоа...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој се мачи да им каже нешто, го знам каков живец е човекот, косата му се костреши, ко запци од гребни му се костреши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се израдуваат кога ќе им кажам дека сме се виделе... и дека добро се чувствуваш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од Пропагандниот отсек на 41. дивизија, и си отидоа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Да можеше да им каже: „Радувајте се! Ќе бидете баба и дедо!“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе се умореа, си разговараа меѓу себе и полека се нишкаа, додека дебелото сестриче ја тегнеше лулашката на којашто седеше Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сите ќерки им кажуваат на мајките, само ти мене никогаш ништо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дедо Геро и стрико Најдо истрчаа надвор да видат до каде се чул пукотот, да им кажат на луѓето што е работата и да спречат да не дојде до некоја несакана последица.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Потоа откако стрико Никола ги пратил домашните на спиење, ним, на стрика Никола, на стрина Николица, на Атанас и на Бошета човекот им кажал кој е, од кај доаѓа и кај оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
“Тоа беше Пајк кој се јави да каже дека претставата е завршена”. 3.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму Петар на Јован му ги фрли в лице писанијата во кои овој верно запиша дека Учителот со својата воскресната појава ѝ ги избришал солзите на Магдалена, та ја пратил да им каже и на другите оти вистина воскреснал и оти не треба да очајуваат во срцата свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На некои, со кои последни и за последен пат разговарал, ги сретнувал по патот и таму, на станицата, им кажал, во доверба, дека засекогаш си заминува од Потковицата и дека во куферот, не го симнувал од грб, го носи и тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ти на твоите ќе им кажеш дека си сместена во студентскиот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Игуменот им кажа дека е градена во вид на крст, лежи на четири столбови, со апсида на источната и западната страна, со две куполи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се стресе од тоа откритие, исто како кога на луѓето прв пат ќе им кажат дека ’ркаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Нека им каже...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Треба повторно да им каже дека земјата што десет години ја знаеја како своја може да се распадне и дека војната е реалност за која треба да се подготват.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ти ќе им кажеш на докторите која сум. Дека сум школувана... Паметна... Не сум за овде... Здрава сум!"
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ги затвори очите и ја крена десната рака како да сакаше да им каже на мислите да почекаат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Војниците ја однесоа масата на ледината и чекаа капетанот да им каже како да ја наместат. Ја ставија пред врбјакот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа сакаше да им каже нешто на селаните, дека ’таму’ сепак нешто има, но тие веќе беа заминати, секој по својата работа, која не вклучуваше рекреативни прошетки и туристичка посети на музеи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тие само се смееја гласно, а тој знаеше дека успеал, со лицето, со очите, да им каже дека е сега многу, премногу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да им каже дека неговата женидба е свршен чин.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Утредента им кажав на командирот и на шефот Кузе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Им ги покажав дамките на секирата и им кажав зошто дождот се цеди од мојот таван а не низ долгото грло на олукот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Тогаш да им кажеме на луѓето од селово. Ќе го фатат. - Ако не го фатат, ќе дочекаат ден на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури тогаш би ме сметале за „чукната”. Кој би ми поверувал?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Љаке наместо да им каже дека се од исто село рече: - Што да ги прашам?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Отидовме во Големата сала, таму беа расфрлани костимите кои ни ги беа позајмиле од Бургтеатарот, а кои стоеја неискористени затоа што сите сакаа сами да си ги осмислат облеките. „Еве,“ реков, „ова е за тебе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој им кажа сѐ што знаеше за неа, за нејзините навики, нејзиниот карактер, нејзиниот минат живот; тој призна до најбезначајни детали сѐ што се случуваше за време на нивните состаноци, сѐ што ѝ рече тој нејзе и таа нему, за нивните оброци од црниот пазар, за нивното прељубништво, за нивните нејасни заговори против Партијата - сѐ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При операцијата изгубил многу крв, и од болницата им јавиле на Марта и Ана да му донесат најнужни нешта. Следниот ден тој сепак инсистирал да си оди дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Момичките ги молат момите да им кажуваат: како саканиот ја фатил за плетенка или за рака.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тие тоа го измислија заради... заради вакво нешто што ти го стори со мене. - Да се убијам?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Богородице Мајчице, дај ми сила да се одвлечкам како проколната гуштерица... милите да ги видам - па да ослепам... душава да ми излезе... да се камносам... со кои усти да им кажам што станало?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кузе ми вели: Милке, сигурно и тебе ќе те викаат, што ќе им кажеш?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На другарките им кажа (јас прислушнував од машкиот тоалет кој од женскиот беше одделен само со ѕид кој не беше доѕидан до таванот) дека имала тежок грип.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Другото камче удира во ногата на старецот кој се обидува на другите да им каже нешто потсвирнувајќи како врапче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бездруго не бил Евреин, и тие не знаеле дали е Турчин или потурченик, бег или одметник од Турците; дури и ако сакал нешто да им каже, не можеле да го чујат - ревеле, тој само безгласно ја отворал устата кога се фрлиле на него и, веќе соборен, без замав со јатаганот и подалеку од белецот, почувствувал удари со ножови, со секири и со колови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакав да им кажам, секој ден да им подаруваат на нивните мајки по трошка време од нивните животи, пред да згасне насмевката со која прв пат сме ја откриле нашата мајка, на самата врата на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Храброста не се плаши од недоверба - тие пиеле и со нејасна но присутна радост си погледнувале в очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им кажува нешто но само тие да го слушнат а тие како да го разбрале легнуваат на грб и се грвалаат по правта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А таа и сестра ѝ гледаа во земја и чекаа татко им да им каже дека можат да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И кога ги прашаше како си поминуваат во училиштето, и двајцата не можеа да се нафалат колку многу Крсте Попов знае и сѐ што знае им кажува само ним.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Е па добро, а на твоите ќе им се јавиш ли да им кажеш или јас да им се јавам!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со својата видовитост започна да им кажува на луѓето во чија куќа или двор има закопано пари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А кога двајцата се најдоа во канцеларивчето на чичка Васка, тој кусо им кажа: „Еден шлакнат во Брамптон ја продава гаражата. Пошто-зошто ќе ја даде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Не сум им кажал. Го видов, трчав по него, еве сум сега пред вас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мораш да ми објасниш, инаку ќе им кажам да знаеш – навалував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што имам да им кажам?“ тој го остави перото и со двете раце си ја фати главата, која одеднаш му стежна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потекувал во својата недоискажаност и ги шматал зборовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сите деца од маалото ќе им кажам да не се качуваат на мостот затоа што е свежо обоен и ќе се извалкаат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Денеска ќе им кажам...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред првите петли ги разбудија снаата Трајаница и внуката Ѕвезда. Стишено им кажаа што наумија.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас кажувам, а не знам што да им кажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Третото камче не ја погодува целта, паѓа некаде меѓу лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Само ваков имаше, само ваков ми даде продавачката, - се правдав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да можеше да им каже ќе им се заблагодараше, затоа што таа толку многу сакаше да умре.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А никој друг тоа не го знае, нема кој да ги предупреди моите, да им каже дека претстои сотирање на мојата лоза.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа исто не знае писмо, ама како што призна во книгата таму мора да има многу повеќе отколку што им кажува Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Уште подраматично, гејовите напреднаа од тоа да мора да наоѓаат скриено значење во главнотековните филмови – некако идентификувајќи се со подостарената главна кампеста глумица на начин што останатата култура не го сфаќаше – до тоа сите, и оние геј и оние стрејт, да го сфаќаат и да учествуваат во вицот на некој лик како што е Големиот Геј Ал од „Саут парк“ или Џек од „Вил и Грејс“.143 ‌Штета што никој не се потрудил да им каже на моине студенти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој Цале Ангеловски кој го спречи татко ми да оди за Србија го предаде татко ми на монархофашистите, а им кажал и дека брат ми Спиро е партизан.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да им каже дека тоа не стои до него, или најпросто да им каже сѐ, што мисли, па нека се чадат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе им кажеме само на своите, на истомислените, истообоените.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Хелвиг се плашеше и од моментот кога за оваа своја одлука ќе им каже на мајка си и татко си.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едно утро, тој ги повикал и му рекол на поголемиот син да се скрие в долап, а помалиот го испратил да им каже на снаите да дојдат да го видат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Извини мамо, ама имаше нови лулашки и после тоа отидов кај Мони и кај Бистра за да им кажам дека има лулашки и да не се качуваат на мостот затоа што е премачкан, оти така ми рекоа чичковците сабајле кога ги видов како ги местат лулашките и, - мајка ми тука ме прекина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дик Хигинс рече дека изел парче muscaria и дека од тоа видел зајаци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А оние што му подаруваат имот на манастирот, им кажуваат на калуѓерите од кое место се, каде се наоѓа нивата или ливадата што ја подаруваат и колку е голема.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Немој само да им кажеш. Издери им се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Умре сама.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Без прекин ќе јаваш до Кукулино и ќе им кажеш на луѓето што се случува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да, беше врнежлива ноќ кога Авни и Илона се истурија од таксито пред мотелот „Барса“ (мислев дека слабините ѝ се топат во моите дланки, а јас немав чувство дека ми е в раце, тоа беше Ема онаква каква што ја познавав и ја сакав, но во исто време, таа за мене, не знам зошто, првпат сега - беше туѓа и далечна) со Ема излеговме под тремот и ги поведовме по ходникот, им ја отворивме вратата од собата и место да им кажам било каков збор се обидов да го поттупнам Авни по рамото, но не успеав оти тој токму тогаш ја прекри Илона со мантилот и само слушнав како одвнатре ја заклучува вратата (Ема сакаше да ми рече дека се чувствува жива додека е во моите раце, сакаше или сакав да ми рече така, додека се лизгав со широко отворена уста од градите до стомакот по кој играа од сласт или од плач, не знам, едвај забележливи бранови) брзо ја заклучија вратата, јас се обидов да останам уште извесно време тука, но Ема ме повлече за рака (ѝ го ставив јазикот на папокот, нежно вртејќи во топлата длабнатинка исполнета со киселкаст вкус) Авни беше како ветар, се мушнуваше низ најтесните процепи, работеше неуморно, дејствуваше, влегуваше под кожа, во коските, вртеше како со сврдел и дупчеше до крај, а не можеш да го видиш, не можеш да го допреш, како таа ноќ, ноќта пред оваа ноќ, кога ја внесе Илона во „Барса“ за да ѝ ја подотвори вратата кон светот што таа го сакаше, кон светот што ја очекуваше (ми диктираше некој силен порив да ја загризам за стомакот, да ѝ скинам месо од сакање или од омраза, не знам, знам само дека во еден момент Ема офна) знаев дека требаше да заминат кон Табановце но не знам до кога останаа во собата која утрото беше празна и требаше да биде празна оти врската требаше да дојде рано пред зори, за тоа знаеше и газдата на мотелот (затоа јас ги стиснав забите од страст, или од страв, или од омраза, не знам, но знам дека Ема си остана своја и, со својата питомина моја, но во исто време, далечна од претчувството што ме притискаше, се измолкна од под мене, ми се загледа в очи, благо се насмевна и легна на мене, ме покри со топлина што се згуснуваше во капки пот) шефот на мотелот утрото ми рече дека ноќта се слушнал со Крумета Волнаровски и дека врската профункционирала: од прозорецот можел да го види доаѓањето на автомобилот во кој влегле двајцата (станувавме сè поразлични двајцата таа ноќ што беше на истек, беше уште густа темница, можеби најгуста, или така ми се чинеше, но тоа беше кулминација пред обзорувањето во кое Ема, јас верував во тоа, ќе ми биде пак како и секогаш - со детски наивна насмевка што ќе се шета по нејзиното лице на заспана жена по изгрејсонце, задоволна од играта со мажот кој сега никако не можеше да ја сфати нејзината безгрижност - ја глумеше ли?
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од тука, наредниот ден, им рекоа да тргнат, но не им кажаа каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И на нејзините, ако поминеш да им кажеш, баш така да им објасниш.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден ден еден нов производител навратил во канцеларијата на Бирото, и им кажал дека планира да дистрибуира таблета што содржи 2CB.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Аман, ма Ива, - ми одговори Мони, - само што дојде и одма сакаш да се лулаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овој часовник се користи на бродовите, зашто не само што вам ви кажува каде сте, туку и на другите може да им каже каде се наоѓате - работи во две насоки.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ме прашуваат што ми е, но јас немам интерес да им кажам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тогаш, кога слушнаа дека владиката ќе го изврши осветувањето, веќе никој не требаше да им кажува на потковичаните што треба да прават.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Сега ќе разбериме ќе има ли некоја помош од Бугарија или ќе се прибираме сите внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моите дома беа среќни кога им кажав дека излегувам со Филип.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Пред да се соберат сите а и потоа, за време на вечерата, Аргир се ломеше и мачеше - бараше начин и збор како да им каже на работниците дека утре нема да бидат веќе на работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога на Пајк (не изговарајте Пик, Пок или Пук) и на Косуги им кажав за индијанското племе Cree од Саскачеван, Пајк праша: Дали се тие како нас?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога им кажав дека го познавав татко им Хрант уште од 1936 година, тие го прославија моето враќање како историски чин на книжарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бошко ми е најдобриот ученик во одделението, - им кажува таа на децата и им вели да ме имаат мене за пример.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа гледаше во мене. „И што да им кажам во Партијата?“, праша.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Им ја раскажав приказната од книгата и на моите другарчиња, а тие се чудеа кога им кажав дека сето тоа е напишано во книга.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но ако беше така, тогаш Бугарите можеа да им кажат јасно на Македонците, да не се надеваат на нив и можеби не ќе се добиеја тие резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секако, да ме прашаа, самата ќе им кажев, но тоа никогаш не се случуваше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да им кажеме како што сме научиле од Светото писмо, и дека сѐ по ред и сѐ иде од Бога, а не од друг некој.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Каде исчезна Сане Сандин, каде фати никој не знаеше, ниту можеше да им каже.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За да можат во понеделник, без лага да им кажат на сите дека, ете, биле на игранка во соколааната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се разбудив: дабјата и костурите со зинати челусти се распаднаа, се строшија до безначајност во прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но нејзе ѝ беше сосема сеедно што мисли тој за неа или што им кажува на нејзините пријателки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За тоа и дојдовме јас и Васил кај тебе, вели Максим, да им кажеш сите да бидат на штрек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)