им (зам.) - купи (гл.)

Друго свое освен по неколку кози и овци и урупчињата земја за градинчиња, селаните имаа, по некои, свои воденици, валалници и неколкумина како дедо ми и татко ми што беа кираџии, ги собираа по село шајаците, козите, волната, конопот и другите такви работи да ги носат и да ги продаваат по Битола, Лерин, Воден и Солун и оттаму да им купуваат на луѓето било тоа што тие ќе порачаа или што кираџите ќе мислеа оти луѓето ќе сакаат да купат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во еден период не можеа само да ги поврзат гладувањето на неговото семејство со упорното одбивање да им купи, како сите нормални луѓе, коза на своите деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)