им (зам.) - лежи (гл.)

И овие луѓе како да не виделе сонце! Темни сенки им лежеа на лицата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И ќе дознаат ли мајките каде им лежат чедата?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На мажите повеќе им лежеа глаголите, и тоа неповратните, нерефлексивните - со исклучок на „ми се може“, кој и онака тешко може да се вклопи во стандардните речници.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Секој што не бил од малата легија носел во себе коба и подмолност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врз челата им лежел облак на оттуѓеност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зад него стоеја двајцата слуги со јатагани во рацете - не ги наполнија кубурите, ги забуцаа во силавите, сакаа да сечат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На челата под ветвите фесови им лежеше слава на злодејство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врз челата, им лежеа темни очила, а имаа за цел да ги кријат своите господари.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)