им (зам.) - објасни (гл.)

Кај нас, ако ми верувате, секојдневно пристигнуваат бројни, најразлични барања за финансиска помош, но ние на сите нив мора да им објасниме дека едноставно нашата работа не оди на тој принцип, ние однапред планираме, изготвуваме нацрт план за буџет кој е определен точно во сегментите во кои се занимава оваа организација.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како им објасни мамо, ја прашав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега, конечно, куп мажи со чувство за мода, кои последните години беа исфрустрира­ ни со тоа што мораа да им објаснуваат на своите девојки што да облечат, можеа да се облечат онака како што сметаа дека треба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мажите конечно почнаа да се натпреваруваат со жените и тоа го означи почетокот на големите социјални промени кои ја преминаа модата и го поставија праша­њето за односот помеѓу половите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Би можел повторно да ги стави, а на жената и девојчето да им објасни дека е сѐ настанато само поради една случајност - цртежите не биле добро прицврстени, па тој поручеква ги симнал, но утре пак ќе ги изложи, и на подобро место, дека го заслужуваат тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе им објасниме и веројатно нема да нѐ вратат назад и нема да ни речат како порано: „Вашата задача засега е во селото ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Готвачот се сврте кон другите војници и почна да им објаснува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина, Толе ја зеде улогата од Ѓорѓија, а и овие се согласија, бидејќи им објасни дека го познава овој крај, а има и свои пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад темнината ги видовме браќата како прават плетенки од зборови и им објаснуваат на учениците како еден обичен словенски смртник може најбрзо да се искачи до зборот од зборот во најблискиот сон и од најблискиот во најдалечниот сон.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Баш под чепурот на кацата беше крснозе седнат Бенедето Кроче - обул гумени чизми и навлекол пластични ракавици и со часови веќе се мачеше да им објасни на насобраните луѓе дека на дното на кацата се ставаат најголемите бабачки зелки и дека на врвот на пирамидата секогаш се најмалите зелчиња (најмалите – најубавите, како што одамна беше било се рекло).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во тие разговори Еванс настојувал на своите соговорници да им објасни дека неговото присуство немало никаква политичка позадина и дека неговата работа е чисто воена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, Иле Вегов Брчалото не ќе беше вистински Американец ако веднаш потоа не им објасни: "Таму ќе слегуваат чопери", рече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тогаш пак се замешува Максим, се навалува нанапред и зема да им објаснува: Ова е, вели, црквата со гробиштата на Рамник на Горник и вели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе им објасни дека во вакви жештини секакви животинки се ведат во водата па може да се изразболи добитокот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немав сили категорично да станам, да протестирам долу во рецепцијата, да одам кај другите за да им објаснам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ПАНДЕ: Зашто не е Влашко... Од Америка враќаат!... (Продолжува да лапа). (Останатите, со лајците в раце, чекаат да им објасни).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
На Дишан не му било тешко да го рационализира овој аранжман , затоа што, како што им објаснил на пријателите, неговата жена била финансиски независна и немало да претставува пречка на неговиот разуздан начин на живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Остануваа во Прењес и ги викаа мажите за да им објаснат дека победата е близу и за да биде поблизу треба да помогнат, а за давање за победата ни беа останати само душите и парталите што ги имавме врз нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во еден миг тој сепак се врти кон нив и налутено им вели да си одат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Госпоѓа Цимер останува покрај куќата, и им објаснува дека тој така се лула секој ден, секогаш кога не свири на пијаното во неговата соба, или му помага на нејзиниот сопруг во столарството; а младите луѓе не ја слушаат, му се приближуваат на старецот со избезумен лик, кој продолжува да се лула, се лула додека тие му поставуваат прашања за поезијата, за метриката, и за Диотима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вчудоневидени, претставниците на органите за редот и мирот во земјата, прашале како го извел тоа, а тој им објаснил дека многу му помогнало тоа што Белгијанецот зборувал француски, а Сталин абер немал од странски јазици.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога на познатиот поет Бечковиќ му забележале зошто дозволил да му ја опејат жената, тој им објаснил дека тоа е песна за жена покрај кањонот на Тара, но, не и за неговата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се кикотеа кога им подаваше џоинт и нишаа со телата кога им ги свиреше „LA Woman# или „Me and My Bobby McGee“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Обично не се мачеше да им објаснува дека е Белгиец, тоа и така немаше многу да им значи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оние пак кои видоа што се случи нема да можат да сторат ништо, и залудно ќе се обидуваат низ полудените звуци на автомобилските сирени да им објаснат на другите да почнат да бараат друго чаре.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Само што ја отворив устата и почнав непристрасно да раскажувам, во очите на моите слушатели засветкаа толку весели искрички, што јас веднаш се навредив и смолкнав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Обидете се да им објасните што е тоа казино или „Ермитаж“* со цигански хорови, или московските пивници, каде што се испива море од пиво и каде со хармоника, се пее песната за разбојникот Кудејара: ...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сликарот се сврте кон луѓето и им објасни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И, додека си мислам дека мојата срамна прошетка заврши, професорот им објаснува на децата, од кои јас сум една рака години постара, дека сега „пациентката ќе ја полнат со воздух“, па ќе ја посматраат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Лекарот им објасни дека агресивните напади на Ана ги предизвикува црвената боја. Во очите на Ана таа асоцираше крв.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како да им објаснам дека не можат да ми ја исполнат празнината за која не се соодветни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Го слушаа и не му веруваа кога им рече дека можат да отпатуваат со него некаде далеку и богато да живеат; и се чудеа на неговата сигурност кога им објасни со немирни очи: „Моите пари се затворени во една каса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се спреми набрзина и за време на појадокот им објасни на родителите за што се работи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не знам како да им објаснам на продавачите дека барам Спајдермен за дете на двегодишна возраст...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Им објасни дека тоа ѝ го сторил светецот за да ја казни, зашто на некој од манастирските орачи кога подлегнал да преспие на нивата, му дошла таа и му го изела едниот вол; се исплашил тој и отрчал кај свети Наум и му кажал плачејќи; тој му рекол да се врати на нивата и таму ќе ја најде мечката впрегната во јарем.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Цивилот им преведе и им објасни.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Можеби требаше да почекаме“, се трудам да им објаснам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но како да им објаснам дека не сум авијатичар.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да им објаснам дека јас, и да не ги гледам по нив ќе пукам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да им објаснам дека многу потешко е да немаш свое ,тешко".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А, откако ќе им објаснам, најчесто заклучуваат дека моите образложенија не држат и дека морам да одам со нив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како можат да бидат толку глупави и да носат одлуки во мое име што е важно за мене, а што не?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)