им (зам.) - однесе (гл.)

Бре, бре на Диздара, Петрета, Арсовци, Долзите им однесол Фаик од срезот позив. И тоа кај Јачмениќ ги викаат. А зошто?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Право отидоа во Ерековци без да им однесат „некој лов" на каданчињата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко ги пречека гостите домаќински и уште околу полноќ ги испрати горе Смечот, за да им однесе по три дни леб со магарето и да си набере дрва.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа, ќе ја спуштеше раката, па со климаво движење на главата ќе ѝ покажеше дека е време да си одиме.  Со тек на време, Рашела почна и да спие кај нас, но секој ден ќе грабнеше малку време да оди до дома, кај своите, да ги види и да им однесе по нешто.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некои од нив ги тераа како парламентарци да тропаат на портата, да им ги отворат за да им однесат порака од беглер-бегот и кадијата дека ќе им простат ако се предадат со добро, но сето тоа бунтовниците го знаеја однапред и не се лажеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пак со мрзлив чекор келнерот се довлечка до нашата маса, но откако ја прими порачката побрза до шанкот и им однесе на шлеперските возачи препотено шише вино.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Знаеш кај ќе се прави твојот диск?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќе успееш да најдеш три-четири илјади марки и да му ги тупнеш на некој нафатиран влекач кој ќе ти среди во министерството и ќе им однесе дел од парите на Бугарите или Австријанците?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оди, мила наша, а ние ќе ти ја наполниме таблата со турли-турли јадења, мажите со насмевка да те пречекаат, тебе аберџијке, што ќе им ја заголнеш душата.’ И така ја наполниле таблата со езерски риби прелиени со мед и со суво грозје, со сарма од лист од винова лоза, со сирење од немркана овца и со слатки од бадеми.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Долго, долго леташе Ластовицата. Сакаше на децата што живеат далеку на север, преку морињата и планините, прва да им однесе вест за скорото враќање на пролетта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Се собра народот да го пречека, но тој пак се упати кон Цветко дуќанџијата да им однесе добра вест од синот, зашто повторно му се јавил во сонот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)