им (зам.) - организира (гл.)

Па така – работодавачот, на свој трошок, на работниците може да им организира превоз до и од работното место, како и исхрана за време на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од наведениве законски ограничувања – должен е да изврши прераспоредување на работното време или воведување на нови смени (чл. 117, ст.2 и ст. 7 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Високата Порта решила да им организира помпезно судење на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прекувремената работа може да трае најмногу 285 осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно – освен за работите кои, поради специфичниот процес на работа, не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да се организира работата во смени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)