им (зам.) - падне (гл.)

Толку добри луѓе Дики, оќелавуваат на 16 години, а овие уште 206 години да живеат влакно од главата нема да им падне!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ме дупеше ме тераше да му ја кубам Маргина 37 147 косата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога веќе им паднала секирата во медот, зошто да не ?!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Е, тоа беше златното време на шадханите од кое, фала му на Севишниот, и јас нешто фатив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е најбројната категорија во земјава која спие до 12 и чекајќи да им падне работа од Господа го чекаат своето подобро утре без ништо да променат во својот живот, а потајно надевајќи се дека курајберите и ебиветерите некогаш ќе се смилуваат и ќе им го променат нивното статус кво.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќерамидите ги редеа ноќе, на газиени лампи, од страв дека денски нешто ќе им падне на глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Циркусот ја запоседна широчината крај езерото, и тие денови во селото не се знаеше кој човек е оттука, а кој циркузант: се облекуваа и децата и возрасните во партали, се шараа во лицата со бои, редеа маски и трчаа по сокаците како василичари, скокаа, врескаа, правеа сѐ што ќе им паднеше на ум.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, Ружа продолжи да се кара и самата со себе. - Мрзи белосветски! Да не бев јас, старата колиба досега ќе им паднеше на глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекаат лебот да им падне од небо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Порано или подоцна тоа сигурно ќе им падне на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се спасуваат со бегање, да ја напуштат куќата пред да биде премногу доцна - таква мисла не им падна ни на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа можеби и не е сосем така откако човек навистина ќе им падне в раце.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со измените од 2009, пак, наместо одредбата која пропишуваше губење на статусот заштитно друштво во случајот кога повеќе од три пати во последователни две години го наруши минималниот процент на инвалидни лица или падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време – усвоена е порестриктивна одредба според која заштитното друштво го губи овој статус ако повеќе од три пати во вкупно траење од 90 дена процентот на инвалидни вработени лица им падне под минимумот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ни на крај памет не можеше да им падне дека по патувањето низ цела Европа, токму таму, во таа земја, тој ќе се приврзе за девојка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ајде белким ќе не запази Ристос и света Богородица мајчица, та не ќе им падне на ум да го направат тоа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тие сејмени пукаа и ранија неколку селани, но по првото празнење на пиштолите заиграа стаповите по рацете на семејните и им паднаа исуканите јатагани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да не им падне в раце на некое од децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бидејќи панталоните широки, одзади им паднаа до под газовите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Панталоните им паднаа под колена.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Брзо погледнаа кон небото. „Ох, ох.“ Неколку студени капки им паднаа на носовите и образите и усните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во ниедно време човеколиките, со кучешки маски на лицата, влегуваат во шаторите и првите што ќе им паднат на дофат со тупаници ги тераат надвор.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми пречи кога ќе ми се обрати некој почитуван психијатар, кој претходно ме нападнал во јавноста со зборовите: „Тој така зборува пред децата, а ние сме на истата страна во борбата против страдањето“, и испаѓа дека тој има ќерка од осумнаесет години која „одлепува“, и за која тој не сака да им падне во рацете на полициските психијатри и да добива електрошокови. Margina #21 [1995] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа ми се обраќа со молба за помош, за да не ја суредат неговата сакана ќерка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
– Стариот неранимајко повторно нешто смислил – беше првото што им падна на ум на сите оние што уживаа во неговата смисла за шега.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Некои беа против она што го работев а некои беа на моја страна, а многумина сакаа да го прават и она што ќе им падне на ум.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Александар: „Ако јас се напијам, на другите ќе им падне моралот!“
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
“ Веднаш гласникот да му врати порака: „Пармениот не е паметен или полудел, во збунетоста тој заборавил дека, на победниците ќе им падне в раце и она што им припаѓа на непријателите!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Додека младите турски јунаци шетаа пред неговиот дуќан со кренат нос - и да им падне, велеше народот, немаше да се наведнат да си го земат - носејќи на главите од црвена саја-чоја самурови или кожени калпаци, тој се смешкаше, зашто знаеше дека не само што не е подолу од нив, туку и дека нивната напрченост е само несигурна сестра на суетата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Немој, жити се – се насмеа тетка Софче – којзнае што може да им падне напамет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А како ќе се вика тој роман? – ја праша Огне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)