им (зам.) - поверува (гл.)

Верникот не можеше да им поверува на своите уши.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тоа, да им поверува на Дамческите дека Јован нивни не е потурчен туку е земен војска, Руса имаше основана причина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивната главна особина е да да лажат, а воедно и да ги убедат оние кои се под нив во истото да им поверуваат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А твоите другари, без да си сторил било какво зло, фрлија кал на твоето име и народот им поверува
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Не можев да им поверувам на ушите. Собрав сили да изустам: „Та зарем така сочинувале слова сјајни владетелите?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не можев да им поверувам на ушите; свеста ми се виеше, срцето не ме слушаше, душата ми пламтеше во некаков непознат оган.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги гледаа крстовите издигнати над снегот и се ежавеа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чанга кога го забележа од далеку татко ми со паларијата, не можеше да им поверува на очите. Силно се прегрнаа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А на бурите во временските прогнози одвај ќе им поверува некој шутрак тукушто излезен од својата сува семка.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Не можеше да им поверува на своите очи какви сѐ стари изданија имаше татковата библиотека.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- „Не будали се“, ѝ вели мајка ѝ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кога си погледна во рацете, не можеше да им поверува на очите: цели тутки влакна ѝ беа намотани околу прстите. Како на гребен, како на гребло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)