им (зам.) - подели (гл.)

Само што го зедовме сокот, падна нова наредба да им подели лижавчиња на дечињата и тој, без поговор, иако наполу подготвен да седне, се исправи и почна да буричка по торбите и, додека јас го одвраќав, дека, ете, нема потреба и дека децата ќе ги тера на вода, таа го погледна строго и тој пак се нурна назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И чекаат да им стигне вечерата. Им донесоа варена пченка. Готвачот секому, со шепа, рамно им подели на сите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На паробродот пристигнало едно лице, придружено од двајца полицајци, и на затворениците им поделило скромна сума пари - помош од протестантската црковна општина во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Напати ќе им довикне нешто, ќе ги замоли за мала услуга, ќе им подели совет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)