им (зам.) - посака (гл.)

Кметот и учителот им посакаа добредојде и ги поведоа кон училиштето за да ги одделат од луѓето што се натискаа околу нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Добар пат - им посака тој.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во случајот со сопранската арија има да се додаде уште понешто, неколку дополнителни размисли што можеби ќе помогнат да се објасни зошто шефовите на државите обично не упатуваат на Ritorna vincitor! кога си ги испраќаат репрезентациите на олимписките игри и кога на стадионите навиваат за нив (макар што победославниот војнички марш од Аида навистина се пушта, па дури и се пее, на европските фудбалски натпревари).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе знаеме на кој начин спортовите се општествено обележани како мажествени, додека изведбените уметности се општествено обележани како женствени: сето тоа има врска со конкретната општествена кодираност на постапувањето наспроти настапувањето, на борбата наспроти изведбата, на активноста без сценарио наспроти активноста според сценарио, акцијата наспроти играњето улоги – и, поконкретно, со конвенционалните, поларизирани родови вредности и значења што им се припишуваат на тие дихотомии според една строга, бинарна опозиција меѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Всушност, општествената прагматика на родот прави да биде општествено невозможно државник да им посака успех на спортистите што му ја претставуваат државата извикувајќи Ritorna vincitor!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Премолчаните генерички конвенции на јавната хетеросексуална култура го забрануваат тоа, а ако ги нарушат тие конвенции, општествените учесници запаѓаат во вистински неволји.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На снеможените здравите им посакуваат што поскоро да починат - да се спасат самите и од себе да ги спасат другите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На снеможените здравите им посакуваат што поскоро да починат – да се спасат самите и од себе да ги спасат другите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Директорката Веселинка со краток говор ги поздрави првачињата и нивните учителки, а потоа Александар, претседател на Детската организација им посака чесно членување, успешно учење и многу, многу здравје, игра, весело детство.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко на сите им посака добра ноќ и си отиде во собата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)