им (зам.) - прати (гл.)

Партијата на власт (меланж од Хард-рок тепачишта до тнр. „елитисти“), либерали-ротаријанци што не им пратиле ни пет кила леб на нивните сограѓани од Шутка, на пример, потенцијални нови центри на моќ збутани во екстремно жолти списанија, второкласни спортски клубови, море пиратирани филмови, телевизии ко видео-клубови - инертни и предвидливи, најнепрофесионалиот балкански државен весник „Н.Макетонија“ („Темница“ - популистичка глупарија, „Мртовечки здив во огледало“ - „независен“ лист со компактно најступидните колумни во историјата на новинарството) - тоа е духот на оваа средина?! Се препознавате?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ни град полињата житородни ги беше фатил, ни рој од скакулци се вдал, ни султанот арачлии час предвреме им пратил да збира арач лут без жал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но да дадеше бог да не тропнеше часот смрт што на сите им прати.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Лаѓите, гледаме, си одат, си идат; Ѓеро ги брише очите и вели: леб нема дома, леб да им пратиме, а не по курви да одиме...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сви ти целивају руку, поздравјају те – да им пратиш бела книга за пишење, дека учитељот им тражит пропис секоји ден за учење да пишу писмо.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Гласникот: „Логорот со комората ќе биде загубен, ако од челото Александар што побргу, не им прати силна помош на овие назад.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)