им (зам.) - претстои (гл.)

„Толку”, тивко ѝ одговара.  Го тераат да ги подготвува луѓето за патот што им претстои.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Транспортот треба да се обезбеди без неприлики.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беа свесни дека им претстои голема макотрпна работа на која тешко ѝ се гледаше крајот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бродот испушти долг, тажен пискот во маглата; ако замине, утре ќе биде на море со Франк тргнати кон Буенос Аирес. Имаа резервирано билети.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како да не им претстои разделба. Си мислеше...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој ја држеше за рака, а таа беше свесна дека нејзе ѝ зборува, ѝ говори, ѝ глаголи за патот што им претстои.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овој им се заблагодари што го избраа и во оваа година, им напомна дека по ослободувањето на Анѓа кадијата сигурно ќе ги нападне, та според тоа им претстојат тешки борби.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)