им (зам.) - соопшти (гл.)

Секој ден Дуче одеше поручек во општината и оттаму добиваше наредба каква новост ќе им соопшти на прилепчани, а особено во сабота.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На орницата го фатија Кулета Карабоја од Витолишта и му нарачаа да им соопшти на месните работници Стојана Мисирлијата и коџобашијата Трајка Лесната, чии имиња им ги препорача Јован Ѓуров на Толета, Глигура и Ѓорѓија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја истевтиши и и се закани да не оди кај Адема, да не гледа во туѓи мажи, да си ги гледа дечињата оти ќе ја заколе и неа како Аќифа во Маданот. Co тоа помина ноќта и дури мајка му стана рано да му сукни некоја кора на милото чедо, Ката излезе од ќералчето и им соопшти дека Толе пред зори излезе и дека и рече да не кажуваме оти си дошол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
4. За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите, преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни податоци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ја бара грешката, таа потекнува отаде што цртежите не беа одбиени на време, дури учителот уште не им соопштил на децата кои работи се примени за изложбата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога ќе посакав да им соопштам нешто на моите во Долината, ја биев камбаната од црквата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нешто како се грижи околу децата, како ќе им кажеш и тоа, ама те чека изненадување, и, дури ги бакнуваш рано наутро за да им соопштиш дека, ете, си се заљубил, ти се врти нервозно и ти вели: „Оди бре, тато, најди си женска и нејзе гушкај ја“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури на 13 август управникот на затворот повикал неколку затвореници и им соопштил: “Сега добив телеграма од главниот инспектор на Румелиските вилаети со која ми јавува дека и вие сте опфатени со општата амнестија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги изгледа крвнички сите и кусо им соопшти за каде ги подготвува.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Не кријам, - ѝ реков, - само сакав да проверам дали Мите им соопштил дека ќе ги чекаме попладнево.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ти продолжи да го пречукуваш романот, - ѝ реков на мајка ми, облекувајќи ги сандалите, - а, јас брзам надвор, да им соопштам на другарите дека наскоро, во книжарниците ќе се појави мојата прва книга.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе пробам како така јас да го победам џинот, а ако погинам, чувајте ме во спомен.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Е кога гласникот се вратил во затворот и им соопштил на робовите оти не прима никакви услови царот и дека ако до утредента не се решат сите ќе ги обесат и ќе ги фрлат на зверовите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но еден од оние што биле против тоа, ноќта ги скинал јажињата со кои бил врзан, скокнал во водата и испливал на брегот за да им соопшти на луѓето... А потоа...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Веднаш се растрчавме со Васета и им соопштивме на другите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Она, кога некој проклет Турчин од соседното село им дошол точно на ручек време во дворот за да им соопшти оти уште таа вечер мораат да го напуштат селото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)