им (зам.) - студи (гл.)

Да не им студи на житата, на тревите, на семињата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мајките не се плашат од снег, од ништо не се плашат мајките кога им студи на децата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Ама како, како да не им студи под студениот снег!? - со право се чуди Томчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Можеби затоа им намовнуваше целото тело.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во градите ги топлеше виното, а однадвор им студеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На сите им студи, вели, некои собрани во купче се пикаат еден во друг и се тресат, се пореваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да не им студи на децата, одделни родители растовараа по некое магарешко товарче дрва годишно, меѓу кои прва беше Доста Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)