им (зам.) - јави (гл.)

Кој и кога ќе им јави на тие кои чекаат?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еве, гледај, тука на прозорецот ќе го видиш, кога ќе дојде!... (Стоејќи над детето и галејќи го по главата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СИМКА: (Замислено). Сите жени на светот се радуваат кога малечките ластовици им јавуваат за раната пролет. Само печалбарката е жална и мисли кога ќе дојде есен.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Оние идиоти сега ќе им јават на своите колеги да бараат дама и кавалер во балски тоалети.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Побрзај на вљубените им јави да се вратат од сништа во јава...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
А најстрашно беше кога тој им јави дека ќе ве донесе дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
При операцијата изгубил многу крв, и од болницата им јавиле на Марта и Ана да му донесат најнужни нешта. Следниот ден тој сепак инсистирал да си оди дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа вечер отидов да го посетам. Заради незацелената рана во устата не можеше да зборува, па ги запишуваше своите прашања и одговори на лист хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Им јавија некни дека загинал татко му. Го собориле Германците некаде.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Подолу беше Ламбе, оној селанец што му шепна на уво на Трајчета кога ги врзаа селаните во училиштето, да им јави на партизаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А колку само од нив им јавиле на домашните дека некој пресечен дрвар останал да леже во планината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)