им (зам.) - пат (имн.)

„Што фати?“ „Чара: умираат луѓето...“ „Добар им пат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога, следејќи го домаќмнот, господин Гроздановски тргна кон дневната, тоа се повлече настрана со уште поразиграна опашка, правејќи им пат на двајцата пријатели да поминат, но не го дочека да помине, па домаќинот туку влезе меѓу нив одејќи веднаш зад господинот Гроздановски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Да си одиме, вели Костадин Дамчески и правејќи им пат на Тахир бег и на Мустафа Салиоски, (кој поминувајќи покрај Лазора и оставајќи лира во неговата рака вели Утре пак ќе дојдеме) му вели на Лазора Гледај побрзо да оздравиш, Хаџи Ташку сигурно зна дека сакаш да се сретнете.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На чардакот остануваат сами Максим, кој откако ги испрати тројцата до скалите се врати и седна на столот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)