им (зам.) - последен (прид.)

Со сите тие што излегоа од реката, а такви беа малку, бунтовниците бргу се расправија и ги фрлија нивните трупови по река, а Суљо-ага, избезумен од случајот, веднаш го јавна својот арапски коњ, издавајќи им последната наредба на тие што беа околу него да се спасуваат назад, и со двајца свои најблиски сејмени дотрчаа околу сонце огревање во Прилеп и го побара кадијата да му го пренесе страшниот пораз.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)