каков (зам.) - што (зам.)

На ќерките на таа граѓанска самосвест, значи на законските ќерки на граѓанската, а со тоа и женска еманципација на ова наше столетие, на жените ослободени од стегите на патријархалниот морал и обврските спрема нацијата односно државата, но со самото тоа меѓутоа повеќе свесни за социјалното и политичко значење на својот пол, на таквите жени нешто такво какво што е Херцеговецот од вицот никако не може да им се случи. 28 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Куферите им се везден надуени, а душите пак им се делат на четвртинки: три четвртинки за во родниот крај, една четвртинка за тука.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И, иако втората позиција има јасно оправдување, потврда - на крајот, битно е едно дело да биде разбирливо, драмата да може да се игра, а поемата да се чита - арогантниот став на критичарите со кој тие оценуваат дали еден превод е добар или не, од чисто монолингвистичка позиција, повторно укажува на неблагодарното место што го зазема преводот vis-a-vis метатекстот (дело изведено од, или што содржи, веќе постоечки текст), каков што е и литературниот критицизам, сам по себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој стоеше над неа, гледаше во мене и се смешкаше, и јас видов дека во раката држи калем од небесна лач, калем каков што дотогаш не бев видел; се смешкаше благо, благоутробно, понизно, молежливо, благодарно, со чиста љубов и милост кон мене, и јас гледав во тие негови очи кои сега зрачеа со жар тивка, жар што долго и бавно ги грее душите на ближните, жар непакосна, нужна за живот, како сонцето што дава топлина, како мудроста блага, а не како пламенот на суетата, слама пламната, оти сонцето дава живот затоа што не пали и гори, туку загрева и стоплува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја кажуваа оваа приказна без солзи, без гнев, со рамнодушност каква што само уште има кај монахињи и монаси по манастирите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бог, таков каков што си го замислуваат луѓето, не постои: постои некоја сила, натприродна, која управува со светот, додека луѓето се управуваат според својот сопствен разум и според своите закони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така, на еден природно мистичен народ, каков што е рускиот, ќе се накалеми мистицизмот врз филозофијата, односно теоријата која ќе се повикува на материјализмот, и која на крајот на краиштата, произлегува директно од позитивизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А притоа и со такви денови во месецот кога ручекот или вечерата мораш да ја прескокнуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја сметав дури и за многу значаен залог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И не рековме ништо за дебелината? - Не рековме - се согласив со него - не рековме бидејќи жената е онаква какви што се сите жени што живеат без комоција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина ќе треба да ја посетам, и тоа само уште еднаш, за да утврдам дали до крај ја имам исцрпено од себе си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тоа се случи и синоќа…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и Стојна, (бидејќи е најблизу), и моето колебливо однесување; бев нели решил дека е крајно време сосема да ја заборавам, па сепак, при случајните пребарувања низ тој недорасчистен полигон на крвавите чувствени пресметки, каква што беше и онаа сношната, се случуваше неочекувано да истрча лично таа и тоа облечена во онаа нејзина кожа од далечната младост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
”Не бев сигурна дека е вистинска змија. Мислев дека е играчка, онаква какви што луѓето ставаат во своите тревници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, потоа на неговото лице се појавува некаков стратешки израз, потоа засилено-рамнодушен, и вам како да ви е полесно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
147. Македонија под српските кралеви, особено под Душана, имаше полна самостојност во внатрешните работи и тоа таква со каква што не се ползуваше ни еден друг дел од големата империја на Душана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одвреме-навреме во текот на XIX век ние имаме обиди да се пишува на македонски, но поради некои историски причини тие обиди не се овенчаа со успех каков што би можело да се очекува од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Марко и неговите поданици во очите на Турците не можеа да бидат Срби, зашто не им се спротивија и не покажаа таква воинственост против нив, каква што покажаа кнез Лазар и неговите поданици. 152 И така, до идењето на Турците кај нас ние трипати бевме прекрстени: 1.Словени, 2.Бугари, 3.Срби. Но со тоа не се сврши сѐ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако го видов Младичот, почна да ме буни: кому му е и зошто потребно да извалка една таква револуционерна чистота и добродетел, каква што е Младичот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И во тој последен час на денот, во тој брз заод на замагленото сонце, игуменијата со малку потемни сенки во очите, непроменливо загатлива и стара каква што можела да биде пред десет години или каква што ќе можела да биде по десет години, кренала рака за удар или за благослов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа не дочекуваме старост каква што им доликува на луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кршиме камен, лежиме на камен, дишеме камен. Од мугри до мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со насмевка што им била својствена само на најблагородните левантински филозофи што во своите мисли го ставале човекот над верите и над расите, бавно, со свиркање на воздухот од неговите гради помеѓу секој збор, објаснувал дека ниедна болештина не е посилна од возвишеноста на духот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никако не успеваше да се прилагоди на животот во велеград каков што беше Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бабичката, газдарицата на неговиот стан, кога го слушна страшното тропање на вратата, бргу скокнала од постелата и со влечка само на едната нога потрча да ја отвори вратата, придржувајќи ја од срам ношницата на градите; но кога отвори, таа се повлече назадечки, гледајќи го Акакиј Акакиевич онаков каков што беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го презираше повторувањето, принцип што се провлекуваше низ сите негови дела, зошто тоа е клуч за раѓањето на вкусот, и поради тоа лесно би можело да ја упропасти онаа апстрактна замисла каква што е концепцијата за редимејд, која треба да биде неоскверната и оддалечена од сферата на сегашните или идни теории и формули, „што се темелат на повторувањето“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во врска со тоа, во една маргинална белешка за Boite Verte тој сомничаво напишал: „Да се редуцира годишното производство на редимејди (?)“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имав чувство дека се наоѓам на крајот од дипломатскиот маратон или на самиот почеток!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набрзина ја напишав телеграмата од средбата со Фарук Кадуми, повеќе како настан кој ќе ја потврдеше мојата дипломатска будност и брзо и квалитетно реагирање, со средба и информации од претставник на високо ниво во палестинското раководство, каков што беше министерот за надворешни работи и челникот на Фатах, Фарук Кадуми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Живееле во тој мал микрокосмос какво што било маалото како во тврдината во која го бранеле својот опстанок со голема меѓусебна толерантност и солидарност во неизвесните времиња на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неголема црна и немногу густа брада, онаква каква што можела да ја има некогаш, во подалечното минато, некој велможник под чие чудно око се градел овој или оној манастир , широки подочни коски, светкави заби - таква беше живата икона во рамката на вратата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Дали некогаш ти паднало на ум, Винстоне, дека до 2050 година најдоцна, нема да биде живо ниту едно човечко суштество кое би можело да разбере еден ваков разговор, каков што водиме сега ние?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Следен од непријателски борбени авиони додека летал над Индискиот Океан носејќи важни пораки, тој го приврзал за себе својот митралез како тег и скокнал од хеликоптерот во длабоката вода, заедно со пораките - крај, рече Големиот Брат, за каков што не е можно да се размислува без чувство на завист.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Владетелите на една таква држава се апсолутни, какви што Фараоните и Цезарите никогаш не можеле да бидат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И токму ова залажување и самозалажување беше и е основната причина да не се види стварноста онаква каква што е и да не се преземат чекори за нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И уште каков што беше Едо сперлив и илеџија!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спанко, каков што го имаше дадено Господ, летањето секогаш го исцрпуваше и го правеше уште попоспан.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Служењето војска за регрутот, особено ако е со здрав разум, каков што беше Едо Бранов, е мачна и понижувачка работа, принуден за целосно потчинување на нешто во што не гледаш никаква смисла.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само две-три педи поднаведни се ме советуваше тој и твојот прогонувач ќе профучи покрај тебе како заслепен бик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дедо ми, кога татко ми бил дете, еднаш цела година му раскажувал на татка како за другиот Велигден ќе му купи едни такви убави чевлиња какви што никој досега не видел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Над нив беше исправен голем брадјосан човек каков што во своето село ниту пак не некое друго место немаа видено.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш слободно нека ја преродува во полуживи зборови и слики какви што се поетските.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Живот каков што сакаме, но само ако доволно долго спиеме и го имаме целото слободно време за сонување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од другата страна е секојдневието со правила кои ќе ги следиш од пет насабајле ако несакаш да заглавиш во системот на бирократијата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И после ми даваат германска војничка облека каква што носат тие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
За Свети Никола, таа година, баба ми ни приреди изненадување какво што ни на сон не би очекувале.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На определените места пионерите пристигнуваа организирано, поминуваа цел ден во игри и одмор, а навечер, пред да се вратат дома, го чистеа местото од отпадоци, го средуваа да биде убаво и привлечно какво што било.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)