каков (зам.) - дете (имн.)

Се престрашувам, па му велам: - Со пиење не се враќаат децата, му велам, ако ти е за децата. - Какви деца, вели, кој деца?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Тоа беше чудна желба, од која ужасно се плашев, а многу ме привлекуваше, - рече таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми ми раскажуваше за разни случки од нејзиното детство, ми опишуваше како изгледала на таа, моја возраст, какво дете била, „занесено”, како твојата Мила, многу слична на неа, така ми објаснуваше, ми раскажуваше за игрите на улица, и за нејзиниот најголем предизвик што често ја измачувал ноќе пред заспивање: на полноќ да го изоди шеталиштето во Градскиот парк од едниот крај до другиот, сама, и да се врати назад, дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дете! Какво дете! Па на нејзини години го родив Ивана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тешка воздишка ѝ се истргна од градите. Уморено отпушти глава. - Какви деца сме, рече.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сите викаат по Зоки Поки, а Зоки Поки од никаде не се јавува. Ах, какво дете!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)